Dali anatomija 1 ima prasanja na preliminarniot i na usnoto i za romboidniot, trapezniot, shirokiot grben muskul i podigacot na lopatkata imajki predvid deka tie spagjaat vo muskuli na dzidovite na gradniot kosh, no se staveni vo delot koj gi opisuva muskulite od zadnata grupa na ramoto? I dali ima prasanja za fossa axillaris, fovea radialis?
Дечки, ве гледам и поназад прашувате дали ова треба, дали она треба. Се е тоа во ред, но штом е напишано во книгата, очекувајте дека може да ве прашаат. Конкретно мускулите кои ги имаш наброено горе мене ми се паднаа сите како прашање на усно на колоквиумот за рака, и припои, и инервација и функција требаше да набројам, fovea radialist исто бев прашана, кој ја ограничува, содржина. Не дека прашуваат се од точка до запирка, но прашуваат и ситници, буквално се што е напишано може да ви падне како прашање и трудете се да не селектирате, прочитајте се што можете, пошо не знаете што се може да ве прашаат.
Секако дека има за мускулите особено. M.trapezius и m.rhomboideus ми беа во делот во табелата за мускули на прелиминарните пред 2г. За fovea radialis исто мислам едно на заокружување ми се имаше паднато.
Анатомија буквално цел матријал треба да се знае, барем јас така сум го учела, а и така бараа. Се може да се падне.
Анатомија буквално цела рака треба да ја знаете, од прва до последна страна, секако без осификација и тоа кај коски што воопшто не го ни предаваат. Се може да ви се падне на тестот, мускули и зглобови особено даваат некој што воопшто нема да помислите дека ќе го има, сигурно еден зглоб од тие на шаката ќе имате, сигурно еден мускул од граден кош. Фосата и фовеата на тест ги има, а фовеата особено на усно ја прашуваат, што ја ограничува, што поминува. На усно не знам лани како беше, но ние кога влечевме се можеше да се падне пример лимфа, фасции, коскено-фиброзни канали. Анатомија голем ризик е да недоучиш нешто, да прескокнеш, затоа што се бараат, затоа коцкање со среќата не се препорачува.
и миф треба да се знае се детално од книга за првиот испит? да ми објасните малку околу миф пошто ме фаќа паника..
Не знам лани како беше, лани се смени шеф на катедра и голем дел се пензионираа, ама ние пред две години имавме доста детални и обемни тестови со надополнување и пишување. Со убаво совладан материјал само се положуваше.
фала многуу! секако не сакам да прекокнам нешто туку само не знам колку е доволно совладан материјалот за да се положи..секако прв испит на факултет..па затоа малце замарам, не сакам да се фокусирам премногу па после да немам време целиот материјал да го завршам, околу средината сум..затоа не знам дали да побрзам или вака полека па ќе стигнам..
Делот морфологија од миф е многу лесен, се на се 1 недела е доволно да се спреми. Сега тестовите им се на заокружување и не се многу тешки. Во однос на анатомија, иако не сум ОМ дури и на тригодишните даваат детални тестови со работи што никој не очекувал дека ќе се паднат. Знајте дека особено во базичните предмети до 3та година сите катедри горе доле си имаат фрлено око на деталите, иако изгледа страшно на почеток ќе се навикнете. Првиот колоквиум дозволено ви е да експериментирате и на некој начин да се проверите дали добро сте научиле или ви треба друг метод, колку повеќе се форсирате толку поголеми шанси да пројдете лошо првиот пат. Учете се што мислите дека би ве прашале, мене искрено да се ставам во улога на професор и да си поставам сам прашања доста ми помогнала да видам дали го разбирам материјалот или некаде заглавувам. Со среќа во првата колоквиумска.
Па сега тестовите им се со заокружување и кратко дополнување и обично ако е сфатен материјалот лесно се положува, барем јас такво искуство имав и макс бодови имав иако очекував многу тежок тест. Сепак пак има трик прашања ама материјалот е тој, и кога е на заокружување е уште полесно бидејќи може да се користи метод на препознавање, сума сумарум многу е полесно од старите тестови што ги имам гледано.
Јас кога полагав пред две години воопшто не беше лесен тестот, многу колеги го паднаа тестот тогаш и малку беа и тие со високи поени. Имаше на надополнување многу прашања, на заокружување беа многу двосмислени, детални беа бааги , па не би рекла дека е лесно, освен ако не смениле сега нешто во тестовите.
Еве некои од прашањата што се паѓаат сега пр. Функција на мазниот ЕР е? а) синтеза на неутрални масти б) синтеза на стероиди в) детоксикација г) разложување на гликоген д) сите наведени Јадрото на нервната клетка е: а) еухроматично со изразено јадренце б) хиперхроматично в) хиперхроматично со изразено јадренце г) без пори на јадровата мембрана д) со присуство на Нислова супстанција Има и од типот понудени 6 одговори да заокружиш три на пример какви се матичните клетки во клеточните популации а) недиференцирани б) диференцирани в) способни за делба г) неспособни за делба д) функционално активни ѓ) функционално неактивни.. И секако по некое прашање за компоненти на плазмалема , да дополниш каде се наоѓа јадренцето во тек на делба на клетката , која компонента која карактеристика и ја дава на плазмалемата (антигеност, функција , дебелина и вискозност) и тук таму за ДНК , хроматин , мејоза и митоза некое прашање на дополнување. Барем во овој стил се поставени прашањата годинава.
Миф беше голем дел повторување тоа што учевме четврта во средно...навистина брзо се спрема, не е страшно тоа.Вовед исто, лабаво читкање и филозофирање, и да, за ден два се поминуваат прашања. Анатомија од друга страна, не.Учете се, буквално(освен осификација делот).Реално не ни постои друг начин да се учи анатомија.Не може да ги научите на пола нервите и мускулите.Значи се што има во книгата ќе си го научите.Реално не е ни потребно толку да се спрема, ама таква е катедрата, нема да се сменат, затоа ако си положите се на време анатомија ќе симнете огромен товар, верувајте.