Lugje ima nekoj od vas polagano anatomija kolokviumi vo januari pred ispit da spodeli kako e togash? Dali se isto tolku strogi ili mozebi maaaalku pomalku?
Исто е, мој совет што е можно побрзо чистење на колоквиумите, полесно е така, затоа што ако ви се соберат за јануари после ќе заглавите со другите предмети учејќи анатомија
Јас имам полагано, и можам да ти кажам дека во сесија се построги малце, барем од мое лично искуство. Еве и @Dream-Girl со мене полагаше тогаш, нека ти каже и она.
Не се помалку строги, исто е секогаш, дури може прва колоквиумска и потолерантни минимално да се зошто ви е прв колоквиум, но сепак секогаш си бараат исто знаење.
Исто е горе-долу, во колоквиумска може се малку полабави знаеа да прогледаат така за некои ситници, во јануарска исто беа добри, ама во јуни и август тие што полагаа кажаа дека е малку построго. Сега не мисли на јануари гледај да положиш и да поминеш сега, што побрзо чистиш анатомија тоа подобро.
Од катедрата. Ние ви викаме анатомија се испрашува се, вие прашања барате, оф мори мајко ајде терајте така.
http://anatomija.mk/општа-медицина/анатомија-1/испитни-прашања/ Ова се прашањата што може да ти се паднат со влечење на усното. Други прашања нема да најдеш, а и да најдеш нема да се тие бидејќи секогаш менуваат тестови, а за усно секако треба сѐ што е во книга. Не се залажувајте дека ќе се снајдете со прашања анатомија туку седнете и научете цел материјал, само така ќе положите. Не сум слушнала на некој да му се посреќи со прашања.
Безразлика дали сте ОМ или ТСС , учење од прашања ви е најголема грешка. Прво дали е писмено или усно , прашањата ги менуваат (барем катедрите од типот на анатомија, хистологија, имунологија , генетика итн...) и си имаат изготвено серија на тестови за секоја академска година. Многу колеги што се надеваа на прашања еве ги сега ги презапишаа сите условни предмети поради тоа што се надеваа и се молеа на исти прашања. Прашањата едино нека ви служат за самопроверка а не база за подготовка на испитот.
Ем тоа ем не се добива никаква основа за предметот со прашања. Ај ќе разберам за предметине како вовед, промоција, етика, ама за базични предмети положување со прашања остава само дупки во знаењето.
Прашањата ги менуваат. Али и да ти се посреќило некако да ти се паднат прашања и си положил без поминат материјал после за усно мора да го научиш материјалот...така да подобро е сега да се совлада отколку во јануари кога е многу кратко времето
Како оди оценувањето на колоквиум и дали веднаш кажуваат дали си положил или не,конкретно анатомија зошто е топ тема моментално❤️
Писменото го прегледуваат истиот ден и за некој саат после полагање ќе имате резултати.За усното веднаш кажуваат.Се ставаат само бодови кои после влегуваат во формирање на завршната оценка кога се полага испит.