хахахаах нее, не се изјаснив добро, извини. Колоквиум или положуваш или не(фактички мораш и двата дела да ги положиш, прво писменото па усното).Потоа ако положиш, добиваш бодови.Кога ќе ги положиш сите колоквиуми одиш на испит.Ако и испитот го положиш и од таму добиваш бодови и се собираат бодовите од сите полагања за да се формира една оценка. Ако не положиш колоквиум(и), имаш уште една шанса да преполагаш во јануари.Ако и таа шанса се пропушти, се пролонгира за наредна сесија.Се додека не ги положиш колоквиумите, не можеш да отидеш на завршен испит.Кога ќе стигнеш до завршниот испит, треба и него да го положиш и да завршиш со предметот. Затоа, најдобронамерен совет, гледајте да ги завршите колоквиумите во колоквиумски сесии за да ви остане само испитот во јануари.Подобро други полесни предмети одложувајте отколку анатомија.
Здраво, некој ако има запишано прашања што асистентот на вежбите спомнува дека може да паднат на колоквиум , ако може да прати.. За физиологија 1
Дали може некој што се уште студира или што има завршено за физиотерапевт да ми каже дали по предметот вовед во физиотерапија на колоквиум се паѓаат истите прашања од претходните години
На физиологија се живо се паѓа.Тие на вежби за практичниот ги спомнуваат, секако ќе ви кажат пред испит кои вежби ќе се.
За есејските може да се каже дека „се паѓаат“ затоа што скоро за секој дел од материјалот има есејско прашање, а тие на заокружување некогаш нешто ќе се погоди, некогаш ништо, ама бараат логика тие прашања.
Во испитните прашања за анатомија 1 на страницата има и за Сензитивна инервација на шаката Дали во тој случај треба да зборуваме само за сензитивните гранки на шаката за nn.digitales palmares communes и nn.digitales dorsales?
како одат усните испрашвања по анатомија? даваат коска и треба да ја објасниш? дали треба на лешеви да се полага исто?
Прво добиваш коска и треба правилно да ја поставиш како треба да стои на твое тело, ќе си објасниш сѐ што ти бараат - страни, рабови, краеви, а после и туберкулуми и сулкуси. После одговараш за мускули, артерии, нерви итн. На леш се полага само во испитна за завршниот за регии, нема тоа на колоквиуми.
Даваат коска, и мора да знаеш да ја поставиш правилно, значи прво тоа. Потоа, те прашува проф. да покажуваш делови,страни, рабови, или сам раскажуваш, зависно од проф. Исто и за зглобови прашува проф. Потоа, си влечеш прашање за мускулна група, артерии/вени/лимфни јазли, и прашање за нерви. На леш не се одговара на колоквиуми.
За мускулна група , која група и да ја извлечеш за сите мускули треба да зборуваш? Пример мускулите на подлактица преднс група се 8 и за сите 8 треба дс зборувам или од таа група те прашува 1 мускул?
а дали е доволно да се положи ако убаво ги знаеш коските зглобовите и мускулите а останатото да е релативно слабо?
Лани во колоквиумска не се влечеа прашања мислам ради короната, не знам дали годинава нешто смениле, но сепак бараат од секое прашање да си кажеш што знаеш, мора бар минимално за се да одговориш најбитното за пролаз. Затоа и си има поени од 15-25 на колоквиум.
Искрено не знам дали кај сите е така, ама мислам дека ас. што ми беше мене, ни бараше да ги кажуваме сите, ама само припој,функција, главните ствари, и не правеше проблем и да не знаеш нешто. И за соодноси и за гранки исто, многу беше толерантна, дури и одповеќе, не знам дали и другите биле такви за прв колоквиум. Инаку, точно е дека се треба да ви е научено, сите мускули, нерви, крвни садови, значи од се буквално да знаете барем главното, ама професорите на анатомија кај кои што сум била до сега, а сум била и кај “најстрогите”, биле толерантни, и не барале буквално се до точка да знам, а искрено и не верувам, дека некој може да знае перфектно анатомија, со чест на минимални исклучоци.
За цела група зборуваш. Зависи колку е тоа реалтивно слабо. Мора за секое прашање основното да го знаеш, да оформиш некоја целина за тој дел, за да положиш. Пример за коски: мора да знаете да ги поставите, дали е дена/лева, страни, рабови, делови. За зглобови, каков зглоб е, зглобни површини, лигаменти и функција. За мускули припои, инервација, функција, која група на мускули. За крвни садови проекција, од каде почнува, завршни гранки, бочни гранки и некој минимален сооднос, особено ако некоја артерија поминува низ некоја карактеристична структура. За нерви од кој дел на plexus brachialis доаѓа, гранки, инервациони подрачја, завршни гранки, исто сооднос како кај крвни садови.