Ние со онлајн полагање ги чекавме 1 недела, а во сесија кога се полагаше со физичко присуство по 2 недели чекавме
паднав анатомија..што сега? ве молам да ми објасните..дали можам вториов колоквијум да го полагам и кога ќе можам да го полагам пак овој? дали многу ме стопира ова за целокупната должина на студирањето?
Не сум ОМ но колку што сум информиран можеш да го полагаш вториот колоквиум и третиот но не можеш да пристапиш кон завршен испит на регија. Ништо страшно, нема кој не може да му се случи и не , не те стопира ова за целокупното студирање таман работа. Ќе гледаш да вложиш повеќе труд за нога и глава па рака ќе ја полагаш во предсесија во јануари и откако ќе ги положиш сите три колоквиуми одиш на завршен испит. Не се демотивирај бидејќи да не се изразам погрешно , "нормално" е да се случи ова сепак е прв колоквиум не знаеш што да очекуваш нити каков концепт ќе биде тестот. Имам другари од ОМ кои исто така паднаа елиминаторен а и на усно лани па еве ги си ја положија цела анатомија на време откако ја сфатија методологијата на тестирање и испрашување.
Секако дека можеш да ги полагаш другите. Другите колоквиуми ќе ги полагаш во наредните колоквиумски, а овој паднатиот во испитна сесија, некој ден пред завршниот испит. И нема да ти продолжи студирање еден паднат колоквиум. Имаш три сесии да го полагаш.
Можеш да го полагаш вториот, овој ќе го полагаш во јануари во испитна сесија. Во должината на студирањето сега не те стопира, имаш три сесии пред тебе да положиш анатомија 1, но ќе влијае малку на јануарска, затоа што покрај другото ќе треба да спремаш плус колоквиум, значи плус материјал за учење. Сега гледај нога втор колоквиум да положиш и коски на череп трет колоквиум да положиш, за да не се завлечкаш со колоквиуми анатомија.
Воопшто не се стопира, голем дел од студентите паѓаат анатомија, особено прв колоквиум. Не е страшно, можеш да си ги полагаш 2 и 3 колоквиум со ред, во колоквиумските недели, а паднатиот можеш да си го положиш во испитна сесија, и ако го положиш, можеш и на испит да си одиш во таа сесија (секако, доколку ги положиш и втор и трет.). Јас прв пат на хисто завршен паднав, и мислев дека готово, дојде апокалипсата, го положив во јуни, и сега смешно ми е кога ќе се сетам за што сум плачела. No worries, не е страшно, ќе положиш нареден пат.
Првото паѓање трагично го сфаќаме, потоа свесен си кога ќе положиш кога не. Сигурна сум дека во јуни сто пати подобро помина.
Фала ви на вас постарите студенти членови на форумов, што секогаш ни се наоѓате и за совет и за помош и за одговори на прашања кои ги имаме, за вакви утешителни пораки за полагањата како овие погоре, многу ни се од помош на нас бруцошите, барем мене, и искрено го ценам тоа што одвојувате време за нас да ни кажете нешто
фала ви најмногу..не можам да ви опишам колку ми помогнавте со овие пораки..фала ви пак, премногу ми значи