Не е страшно ама за втор и трет колоквиум запни да ги спремаш колку можеш повеќе, буквално дај се од себе да ги положиш. Ако сега си дала 100% за спремање анатомија, за следен пат дај 150% од себе буквално. Колку и да спремаш никогаш не е доста, секогаш има некоја ситница и плус ситница шо па ќе ја заборавиш така да потруди се максимално, што повеќе научиш толку подобро ќе поминеш на писмениот дел кој сега знаеш каков тип прашања има, дека се може да ти се падне. Не дозволувај ова да те демотивира, напротив нека те мотивира за јануари да научиш уште повеќе за овој дел за рака.
Истоо, кога прв пат паднав колоквиум светот ми се сруши, плачев, ќе се отпишував од факултет и драмев на мајка ми телефон. Сега кога ќе ми текне колку сум била будалче само .
фала ти многу леле...едвај чекам да дојде јануари и следниве колоквиуми...мислам дека знам каде згрешив во учењето и секако ќе се потрудам многу повеќе.
Ич да не се сеќираш, сите сме паднале дали колоквиум, дали завршен испит анатомија, па и година губење. Како што ти кажаја колегите погоре гледај да си ги положиш другите 2 за да ти биди полесно во сесија. Сега не мисли на тоа што падна, одмори, се ќе биди ок, ќе положиш нареден пат
Bеројатно мислиш на Билјана. Епа вака, проф си бара логика, ако види дека бубаш без разбирање ќе те падне, а инаку е океј, ако учиш со разбирање, ќе ти помага и ќе те потсетува, ама гледај да и пристапиш сигурно и самоуверено, жената не сака кога некој и одговара "стресено"'. Јас полагав трет колоквиум, и убаво искуство имам.
Едно од поубавите полагања ми беше кај неа. Сака да ги кажеш работите логично, не сака се од збор до збор од книгата туку само најбитното убаво да го знаеш, а другите ситници таа те потпрашува да види дали си разбрал. Не знам како е за анатомија 1 зошто полагав анатомија 2 кај неа, ама и за усното и за практичното ме прашување битни работи и не ме носеше низ материјалот наваму - натаму. Имав највеќе страв да се паднам кај неа на почетокот па кога слушав дека во август полагам кај неа мислев дека ќе паднам, ама испадна спротивно и професорката е скроз коректна.
Какво ви е искуството за ембриологија и хистологија тие што имаат полагано? Колку време се спрема, колку е тежок колоквиумот и сл?
Па веќе знаете од морфологија на клетка какви се тестовите од таа катедра. Ако си имаш убаво научено, добро се проаѓа и убави поени даваат на колоквиуми, бар ја такво искуство имам. Најдобро почни да го спремаш уште како што ќе почнете со предавања и вежби постепено зошто си бара разбирање материјалот. Интересен предмет е, не е тежок ако го учиш со време и убаво го разбереш.
Ова сакав и јас да го прашам, матурантка сум па размислувам ова да се запишам. Дали некој знае нешто повеќе за смеров?
Да да тригодишни студии се. Зависи што мислиш под тоа "тешко" , за учење има да нормално но се постигнува се ако убаво се распредели времето. Би рекол многу е полесно ако дојдеш од средно медицинско отколку од гимназија бидејќи работите ќе ти бидат познати горе доле но во секој случај нема некој проблем. Јас поминав супер првата година и исчистив се на време така да се' се може кога се сака , сега ќе видиме втора како ќе биде
Ne si edinstvena i jaas padnav ama mislam deka nema potreba od stres i zamaranje zoshto ova e OM i ne cheka dolg pat i ushte mnogu pagjanja..ne se demotiviraj kje si polagame vo januar❤️
Гимназија сум Е одлично тогаш, со среќа и оваа година Инаку севкупно значи задоволен си? Дали има проблематични професори?
Види, не сум на тсс, ама професорите се тие, и ги има од секаков сој, од супер, до сосема спротивно, ама добра страна е тоа што ги има многу, и ако еднаш се паднеш кај "проблематичен", голема е веројатноста, следниот пат да си кај некој многу подобар.