[/QUOTE] Би сакала да прашам и за предметите за матура, конкретно за овој смер, дали имаат влијание при уписот и кои предмети би требало да ги земам?
Би сакала да прашам и за предметите за матура, конкретно за овој смер, дали имаат влијание при уписот и кои предмети би требало да ги земам?[/QUOTE] За оние кои се упишувавме годинава, за сите студиски програми на Мед. факултет како соодветни предмети беа ставени математика или англиски за втор екстерен предмет, а од интерните биологија, хемија или физика. Доколку полагате како нас матура, претпоставувам дека исто би се рачунало и на вас. http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/Konkurs_I_ciklus_2021_22.pdf еве го конкурсот за годинава што беше
Да , би требало да ти се биологија и хемија или пак биологија и еден стручен предмет од средно медицинско но бидејќи си од гимназија можеш да избереш само биологија и хемија. Доколку имаш други предмети автоматски ќе ти скратат бодови за несоодветни предмети.
Јас кога полагав, само за да се идентификуваме пуштивме камера, а во тек на самото полагање, не ни беа вклучени ни камерите, ни микрофоните.
здраво дечки, кога е испитна сесија од прилика? и какви се испитите, мислам дали се за цел материјал или? на пример на распоредот има 2 колоквиума анатомија и после има испит за се? (горен и долен екстремитет) или како оди тоа? дали можеби има 3 колоквиуми анатомија (рака, нога и глава) и потоа има испит за сето тоа? и уште едно прашање, всушност истото само за хистологија и миф.. има 3 колоквиуми (1 миф а 2 хистологија?) и потоа завршен испит или како? извенете ако ве замарам, секако, не мора да одговоррите..сепак има уште многу време
Испитната после одма откако завршуваат вежби во јануари, некаде отприлика годинава гледам од 17ти јануари би му дошло натака, а ќе трае до кај 11ти февруари некаде. Од 15ти февруари новиот семестар почнува. Да, 3 колоквиуми се анатомија. Во испитна има испит за региите од рака и нога практично е на леш. Хистологија 1 имаше материјал за завршен испит, беше за кардиоваскуларен систем и уште нешто. Не беше многу материјал. А колоквиуми ви се два, во 2 и 3 колоквиумска недела, плус испитот во испитна што си е. А од миф завршниот ви е уствари испитот од физиологија на клетка делот во испитна. А веќе полагавте делот морфологија на клетка сега. Тоа е отприлика. Во програмите што се за секој предмет си е убаво објаснето што како се полага.
Го паднав Миф на граница до бодовите. Како понатаму со предметов ? Кога се полага на испит треба ли да одам?
Во испитна ќе полагаш пак исто и тест физиологија на клетка и тест морфологија на клетка. Мислам дека се во различен ден, но ќе си видите тоа распоред за испитна кога ќе има. Нема тука така испит како на други факсови ако си паднал колоквиум. Истиот паднат колоквиум се полага во испитна на ист начин како во колоквиумска. Ама добро само што почнавте, ќе се навикнете на начинот на полагања тука.
да прашам нешто, можеби глупаво. Полагав вчера анатомија 1, завршив со одговарање и ми рече во ред колешке, нека влезе следен. Пред да излезам ја прашав дали сум положила ми рече, епа колешке имате учено. Дали ова значи дека сум положила
Па ако си стигнала до крајот цел материјал да го поминеш со прашања, од се по нешто те прашале и не ти рекле си паднала во тек на полагање, би требало да си положена.