Здраво,некој од поискусните дали може да каже реално колку време е потребно за спремање на горен ектремитет а колку за череп онака добро да се знае?
Секој учи различно, јас сите колоквиуми анатомија 1, ги учев во тек на целиот месец, фактички во целото време меѓу двете колоквиумски недели, со тоа што нога ми беше најлесно. Една недела ми беше потребно за да го поминам материјалот еднаш, а потоа си го повторував во наредните 2-3 недели, додека не го научев солидно. Овај начин на учење ми беше многу успешен и положував, ама сепак, зависи од студент до студент, секој има различен начин и техника на учење.
И јас како Елена спремав меѓу колоквиумски цело време, нормално напоредно со хисто/миф. За рака ми требаше повеќе време додека се ориентирам со поими, додека сфатив што да учам, ама со сегашново познавање анатомија 2 недели мислам би ми биле доволни. Нога доста брзо ја спремив. А череп ми требаа 3те недели измеѓу колоквиумски, пообемен, подетален материјал е.
Здраво, оваа година сум матурантка, па ако може некој што е запишан на општа медицина на УКИМ да ми пише во лична порака да го распрашам околу факултетот, а и воедно да ми објасни подетално?
Па вака, најпрво ме интересира со колку поени се влегува. Во средно медицинско сум и мислам за матура да полагам биологија и клиничка хемија. На кој начин се рачунаат поените?
Прво , претпоставувам си лаборанти. Не можеш да полагаш биологија и клиничка хемија ако конкурираш на општа медицина бидејќи се вреднуваат само биологија и хемија , ако конкурираш со стручен предмет ќе ти скратат поени за несоодветен предмет (не знам точно колку). За поени зависи од конкуренцијата имало години каде со 94-95 се влегувало во државна квота а веќе еве втора година испод 99 поени државна квота тешко особено поради масновните препишувања на матурата. Поените се рачунаат од оценките од средно и добиените оценки на матура со нивинот перцентилен ранг (колку твојот тест е подобар од останатите во државата). Пример може да имаш 5ка по некој предмет на матура но со низок перцентилен ранг и тука губиш некој поен, во принцип така се прави рангирањето.
Веројатно мисли за стручен предмет да и е интерниот т.е клиничка хемија, а екстерен да и е биологија. Мене ми беше фармакогнозија интерен стручен предмет и максимални поени имав од интерниот. А екстерни македонски, англиски и биологија имав. Знам дека мораше интерниот да ни е стручен предмет на тие што сме стручно средно.
Да да, за интерен дали би можела да полагам клиничка хемија доколку сакам да се запишам на општа медицина. Едно девојче ми пушти слика со екстерни предмети па ме интересираше дали како интерен можам клиничка хемија да го полагам доколку ги изберам македонски, англиски и биологија за екстерни.
Па така и беше правилото. Средно стручно полагаат интерен стручен предмет без разлика каде и да конкурираат за упис. Не ви објаснија уште од школото за матура што како треба да изберете?
Пардон грешно сум разбрал, јас сум го гледал ова ама ова важи само за вреднување предмети а без матура (како што беше лани во акад. 2020/2021 кога и се запишував).
Уште ништо. Додуша ние прашуваме ама сега повеќе се окупирани околу бирање предмет за проектните па само ќе кажат има време ќе збориме и за тоа. Па поради тоа прашувам тука. А предавањата како се одвиваат со оглед на тоа дека сега се online?
Па океј се, исто ко у амфитеатар шо беа, за мене нема голема разлика, дури и поубави ми се онлајн предавања. Вежбите повеќето се сега на факс ко порано. За следна година дур почнете не се знае што како ќе биде, можеби ќе се вратиме скроз на факултет, се зависи од епидемиолошката состојба тогаш.
Се надевам ќе се вратиме во нормала. Во секој случај фала ви на сите, доколку ми дојде некое прашање во глава пак ќе ве барам. Убава вечер и со лесно на факс
@Mystery12 било кој предмет и да го одбереш од здравствена струка ти е признаен, јас имав интерна и педијатрија со нега и ми беше признаен. Во однпс на другиот изборен можеш и биологија и хемија а мислам за нашиот упис беше дозволено и физика. Ќе видиш според конкурсот и сите се еднакво признаени. Ја полагав и биологија и дополнителен трет предмет хемија но не ми беше признат тој не знам зошто. Во врска со проектната мислам дека се гледа само оценката а не и предметот. Мојата беше од хемија проектна. И дипломи од натпревари не се признаваа. Оваа година последниот во државна квота имаше 99,233, а во приватна 97,45 ако не се лажам, доста јака конкуренција и доста многу одбиени, така да според поените подобро размисли дали штип или скопје. Те советувам ако имаш под 97 бода подобро оди во штип можеби ќе фатиш и стипендија за бесплатно школување, отколку во скопје да не бидеш примена. И да, не може за жал пријавување на повеќе универзитети истовремено, а и во штип и во скопје се пополнуваат квотите за општа медицина уште во прв рок, тоа беше причина зошто годинава многу матуранти на цедило останаа. Во врска со полагања, треба да учиш секој ден , за мене материјалов беше доста интересен, барем анатомија и сметам дека малку би ти било полесно оти идеш од средно медицинско оти мене ми беше полесно. Ако го држиш тоа темпо, верувам дека можеш најголем дел од предметите да ги положиш, макар кај строг професор полагаш, го видов тоа на прв колоквиум. Ако имаш некои дополнителни прашања слободно пиши, прво гледај матурата да ја направиш перфектна.
Знам дека ова прашање ќе ми е одговорено и на самите предавања Хистологија, меѓутоа многу ме интересира- дали колоквиумот по Х1 е со прашање и одговор, како и надополнување? Не е како МИФ, така?
Годинава и МИФ го смениле за лаборанти баш онака тежичок тест(лани беше мнооогу полесен и само на заокружување).Хисто зависи кој дел пример ткива делот е на принцип на кратко дополнување и ретко некое прашање да се дефинира нешто (пр. неврон од нервно ткиво и сл.) а знае да се падне и по некое со заокружување тук таму. Комбинирано им е но преовладуваат прашањата со дополнување и дефинирање отколку со заокружување.
Ako nekoj go ima ucebnikot Histo 1 za delot embriologija vo pdf dali moze da go prati bidejki ne uspeav da go najdam na teamsot?