Немаат врска предметите со приемот на факултет. Се бараа одредени предмети (нарочно биологија и хемија за медицински) пред да се воведе матура. Откако се воведе се гледаат само бодовите, а нема врска од кое средно доаѓаш и што си полагала.
О да и тоа како има. Знам затоа што лани се запишував Зошто инаку на iknow системот се бара да внесеш кои предмети си ги полагала на матура? Зошто инаку би постоел списоков објавен на официјалната страна на медицински а е дел од конкурсот http://www.medf.ukim.edu.mk/upload/dok/3394_531675603.pdf ? Патем, другар имаше полагано англиски ама по грешка стави математика кога се приавуваше и му одбија поени и не влезе на општа. Знам што зборувам не зборувам на празно
Ќе имаш некој бод плус сигурно, ама не знам колку. Види ако имаш средства да се запишеш и во приватна квота пробај зошто да не ако имаш толку голема желба за општа медицина. Затоа постојат три рокови. Ако не те примат, здравје има и други факултети.
Кога јас се запишував, во мојата генерација имаше луѓе кои доаѓаат од гимназија, со предмети и проектни матурски задачи кои немаат никаква врска со биологија и хемија, па беа примени меѓу првите 10, и тоа со 99 запирка нешто поени, без да им биде одбиено ништо. Затоа велам дека сега се вреднува општиот матурски успех, а не предметите. Колку што се сеќавам, ги пресметуваш сите оценки од четирите години образование плус успехот од матурата, и така ги добиваш вкупниот број бодови за упис, а токму тоа го гледаат кога поднесуваш документи.
Не за џабе се дадени тие списоци за предмети кои се бараат на одредени факултети. Сепак, го кажувам ова од лани, како понова информација во секој случај
Минимум 90 поени за последните во приватна, државна 94 поена. Лани последниот беше со 89,7 или 8 поени во приватна али ја со 84 поени никако не би ризикувала. Јас коа се запишував си реков ако имам 90- нема да се запишувам, ама матура имав многу јака и бев сигурна дека ќе ме примат. Лани другарки со 86,7 ги одбија и врз база на националност зашто се примаат само 10% од вкупниот број. Меѓутоа зависи од конкуренцијата иако на Општа е реално најјаката конкуренција од било кој друг факултет у државава и многу што аплицираат. @Arja инаку на општа нема втор и трет рок бидејќи општа се пополнува на прв и толку е. Зборам за Скопје, штип не знам.
@Beautiful256 зашто не се запишеш во штип на општа тогаш, чим толку сакаш да го студираш ова? Да сум на твое место не би ризикувала во Ск за општа со тие поени право у штип би одела. Не го губи времето тука, барем ова е моето мислење.
Како што сум информирана со твоите бодови можеш да влезеш таму, побарај низ темава мислам дека ке најдеш феминки што студираат у штип. Со лесно
@Beautiful256 со 84 бодови имаш шанси да те примат во Штип, зошто таму е многу понизок критериумот за разлика од Скопје. И после тоа, ако сакаш/можеш, можеш да пробаш да се префрлиш во Скопје - во секоја генерација има доста луѓе што се префрлаат така.
Девојки дали некоја од вас била на летна пракса во друга држава? Зборувам за студенти по општа медицина.
@yahoo123 Знам дека и со 6о бода примале на логопедија. Додека дефектологија ти е на филозофски како што знам.