Побарај и во другите кутии со индекси, доколку има. Јас го изгубив, и на крај го најдов во кутијата за логопеди, а јас сум на општа.
Од лично искуство ти кажувам, нема да си го најдеш, подобро дур е време почни процедура за нов за до сесија да си го имаш.
Бев прво кај неа дека нели она става оценка и ми рече оди кај секретарката ти е на шалтер. Отидов нели карши Гак и ми кажа дека сите индекси што биле ги ставила на шалтер и почна да се дере дека не е нејзин проблем ако го нема
И јас тешко верувам ни ме е поминат долг период го оставив 29.09 а електронски ставена оцрна ми е на 6.10... Нема да ми беше толку криво јас да го изгубев...ама ете ако не се најде ке почнам да си правам нов и тек после ке почне пеколот со барање оцени и потписи
И катедрите се малку не одговорни кој што ти бара индекси ке ти каже кој број ти треба нели? Знаев дека оваа ккатедра се терсене али до толку...башка имасе девојче на шалтер што врска немаше можно е и таа да го дала по грешка,но сепак и тој што го зел стварно е неодговорен како може да видиш дека не е твој индекс и да не го вратиш мене така ми се случувало одма сум реагирала и сум го враќала а не вака....
На една колешка и беше оставен на катедра, после то магично и го снема индексот од катедрата за на крај да си го најди во деканат. Се надевам дека ќе имаш среќа да го најдиш
Колеги, за клиничко испитување- хирургија за на вежби дали само мантил треба или и униформа и ако треба униформа каква треба да биде? Ако може некој од постариве колеги да пише
Колку што се сеќавам на клиничко не бараа униформи,ниту на Хирургија ниту на Интерна (ова мислам во склоп на клиничко испитување). Во 4та година памтам земавме зошто бараа тогаш на повеќето предмети.
Битно електронски си ја имаш. Инаку во новиот индекс не треба повторно да ги собираш потписите и оценките(освен од тековно запишаниот семестар), ако сакаш сама да си ги имаш тогаш можеш да аи ги собираш, инаку не е морално дека е дупликат индекс.
Фала ти за информацијата баш ме смири малку Прво ќе треба да одам до Службен весник за да го пријавам така ?
Јас мислам дека можно е од катедрата да го имаат зафрлено или изгубено, а некој студент да го земе и тоа е можно ама обично секој си ги знае својот. Требало да кажеш дека ти е изгубен на шефот на катедрата, а секретарките воопшто не ги прашувај тие се крајно безобразни и невоспитани створења.
Јас имам впечаток дека катедриве ги гинат затоа што ептен ги зафрлаат и не им грижа. Не верувам дека толку студентите земаат погрешни индекси, еве и да земат мислам би го вратиле, едноставно нема што да му прави на погрешниот индекс.
И студентите прават хаос со индексите особено кога ќе се остават во шкафче, барајќи го својот ги вадат сите, ги остават по масички, не ги враќаат, али битно својот си го зеле, а за на другите индексите не им е грижа
Секакви студенти има, со свои очи имам видено како барајќи свој индекс, на земја им паѓаат други, и така си ги оставаат, расфрлани.. Брука.
Да да прво таму, па уплаќаш 1500 на сметката на факсов, па купуваш нов индекс пополнуваш се и предмети до тековно запишан семестар и го носиш со потврдата од службен весник и уплатницата во служба. Треба за неколку дена да ти е готов дека сега нема гужва, мене баш пред упис на семестар ми се изгуби по катедриве и чекав скоро месец ипол два. Треба деканката да го потпише.