А да си учам од скриптичка? Шо викате? Многу е ова во книгава каша попара ќе ми биде главава... Башка не сум општа
Не знам како е на тсс, ама на општа, од анатомија бараат сѐ од книгата, не знам ни дали има скрипти..
Знае ли некој нешто за ова од уким мејлов што стигна за некои програми во Франција? Што е тоа, размени, еразмус, нешто такво? Се обратив на мејлот ама секако никој не враќа, па ако знае некој нешто плус нека ми каже.
Здраво,доколку има некој што студирал во тетово општа медицина и се префрлил скопје нека ми пише сакам да прашам нешто.
Знам дека делот за коски на глава од Синелников, фактички за трет колоквиум, го копираа некои колеги во копирниците околу факултет, мислам дека во црвената копирница.
Што му значи ова на асс. Марко по микробиологија? Ако пример решам прашање а не ми точно ми се одземаат бодови а ако не го решам 0 бодови (зар не е исто тоа xD) ? Дали ова кај некого го напишал?
Па не, доколку не го заокружиш прашањето(го оставиш без одговор) имаш 0 поени од тоа прашање, а доколку одговориш(заокружиш) и одговорот е грешен ќе ти одземат поени(пр. -1) од вкупните освоени поени. Ова е за да не се одговараат прашања на тепка. Живи глупости, камоли да се инвестираа до толку во предавањата и вежбите. Едит: а шо е тоа Test Portal? Нели единствена сертифицирана и одобрена платформа за онлајн испити/колоквиуми е Microsoft teams/forms? Баш ме интересира дали ова е одобрено од деканат или Марко(како и секогаш) си игра играчки...
TestPortal е апликација преку тимсот што овозможува креирање на тестови кои се одговараат така што одговараш 1 по 1 прашање со submit и лимитирано време исто има и опција ако кликнеш на нешто друго (пр. друг таб да ти даде опомена или пак одма да ти го исклучи тестот и разни други опции. Ние полагаме во еден ден и теорија и практичен (општа и специјална бактериологија - овој семестар) и ни дале 10 мин за 15 прашања и 20 минути за 10 прашања од практичен + 3 есејски. Искрено катастрофа не дај боже да имаш технички проблем или да кликнеш негде несакајќи , одма ќе ти се прекине тестот. Пре би да полагам со физичко присуство како човек а не вака да паничам и на брзање..
Пазете да не кликате настрана оти одма ќе ви биди евидентирано, а на секој на грешка со глушец можи да му се случи
Ми се повраќа веќе од правилава за квизовиве и колоквиумиве по микро. Се се сведе на снаоѓање и одговарање од тепка прашања затоа што има 15 мин а над 20 прашања и тоа со поврзување, огромни реферати, едвај го читам искрено...