Микро 1 едвај успевавме да решиме, а којзнае сега со потешкава микро 2 како ќе биде. Не можам ни да замислам каков дебакл не чека. Како да сме на квиз на МРТ.
Истата ситуација беше јас кога бев прва година, а Марко држеше вежби на хистологија. Брзи прсти беа полагањата, се мереше време со тајмери, се молевме за ДУРИ 1 МИНУТА, која мораше да биди одобрена од шефот на катедра(тогаш Миленкова).... Од една страна му ја поддржувам иновативноста за некои работи, но веќе апсурдно е.
Дали физиологија симнуваат списоци од предавања за присуство? Денеска не успеав да се вклучам, да не знае некој?
Има ли некој што го одбија за стипендија од медицински? И дали ќе поднесете приговор? Исполнувам услови, а ме одбиле не ми е јасно зошто.
За ова да се буните преку координатор, фсс, од каде ова правило ако го згрешиш одземаме поени, по никој предмет ова го нема, мое право е да решавам на тепка ако сакам, особено на онлајн полагање кога немаме време, па секој по некое прашање досега на тепка решил. Исклучи секакови нотификации пред тестот, ќе наместиш во settings, се на тимс ќе исклучиш нотификации, никаков друг прозор/апликација. Одзумирај си зашто ако кликнеш да скролнеш надолу ќе те опомене или исфрли од тестот (ова си го искусивме лани на прв колоквиум и се чудевме зошто опомени и исфрлања). И НАЈБИТНО обнови си лозинка на тимс, мораш лозинката да ја напишеш пред полагање, ако е постара ќе треба на само полагање да ја менуваш, така ние на секое полагање и квиз скоро ја менуваме (на прв квиз убаво се изгоревме над половина генерација). И споделете си го ова меѓу колегите, побарајте пробни тестови нешто за да видите како е, да не страдате како нас. Test Portal е откритие на Марко, не знам колку е одобрена од деканат. Како што кажа и погоре Ларсон, ако отвориш нешто надвор од тестот, ако ти стигне нешто нотификација од компјутер, те опоменува, ако се повтори те исфрла. Измешано ги дава прашањата и едно по едно ги решаваш, значи на секое посебно submit (добро е што ако не кликнеш на сите submit, ги памти на тие што си кликнал, не е како forms ако не кликнеш submit, автоматски ништо). Горе ни е времето и си тече и пример имаме стандардно 15 минути, 20 прашања (заокружување и дополнување и поврзување на принцип на заокружување), ама се нема време има многу понудени за поврзување, прашањата често знааат да се подолги, а системот рандом ти ги дава прашањата може на почеток ќе ти се погодат повеќе со поврзување (тие и повеќе поени носат) или прво полесни, не знаеш што те чека и мора брзо да решаваш. На крај на многумина им се случуваше да имаат уште минутка или 30-40 секунди, а уште 3-4-5 прашања, па нормално повеќето ќе изкликаа на тепка. А на квизовите од вежби имаме по 30 секунди на прашање. Ова е надолго за test portal. Не
Знам дека им е целта да не се препишува, ама ова е претерано! Повеќе се фокусираш на времето отколку на прашањата, тоа одзема многу внимание и деконцентрира. Апсурндно е ваквиот начин на тестирање да е релевантен доказ за знаењето на еден студент. Не разбирам чии комплекси ги решава Марко? Ова е чист пример за претеризам, изводење.
Сфатија дека не мораат веќе да се замараат околу изнајмување амфитеатри, вардење студенти, прегледување тестови па сеа лупај online... а тоа шо студентите се оштетени ги заболе. А за Марче шо да кажам, знаејќи му го наравот сигурно и нé чита така да ќе си потраам.
Мене микро 1 ми се допаѓаа тестовите минатиот семестар. Не беа толку тешки, пак имаше многу положено студенти според мене. И битни работи издвоени имаше, не беа некои ситници. Иако веќе не студирам на медицински и не сум ни во тек што се случува, сепак како катедра се трудеа доста за вежбите они и онлајн наставата им беше супер. Пак ќе речам веќе не сум студент таму и не знам што и како е веќе, но минатиот семестар мене ми се допаѓаше како е организирано.
Не беа тешки, решливи беа, само некоја минутка плус беше добредојдена, сепак оваа платформа дозволува да се даде повеќе време, нависитина е намалено препишувањето. И стресот е поприсутен некако дека може да те исфрли за глупост. Положеноста беше добра, сепак и материјалот не беше некој претежок. Вежбите и предавањата им се топ нема збор тука, едни од подобрите онлајн што се држат со слики со примери.
Ако минатиот семестар беа организирани, сега сестро да ги видиш... хаос не виден, не се знае кога има предавање, кога вежба, кога квиз, двајца проф. у исто време закажуваат предавање ко да не работаат на иста катедра..
Да да, секако. Тоа со времето е лошо на сите онлајн полагања, секаде кратеа време, барем 20 минути за 20 прашања да имате. Не знам што да ви кажам, трпение ви посакувам. Па добро, и јас некое време студирав таму и јас се изнагледав се и сешто, ве разбирам. Мене ми се допаѓаше микробиологија повеќе од другите предмети. Ме тераа со тоа што имаше квизови да си учам редовно за сите вежби, а и предавањата уживав кога ги слушав особено на професорот Пановски, колку убаво објаснуваше. Можеби годинава имате повеќе предмети, па затоа хаос е распоредот. Трета година секако е најтешка заради условите и се тоа. Затоа реков сега не сум таму и не знам што и како е, зборувам за минатиот семестар јас.
Буквално вака е кај нас , по 500 закажани предавања дупли од исти проф. Пола презентации ги има пола ги нема ко да предаваат 50 различни луѓе од десет институции.
Исто си закажуваат предавања во 5 до 12 буквално, треба цело време на teams да висиш за да видиш на кој ќе му текни во последен момент да си се уклучи и да предава. Не е толку тешко да се закажи ден пред тоа, многу неорганизирано, барем нека си се придржуваат до распоред
Kolku ti e prosekot tocno İmam drugari koj apliciraa neli temu pisuvase posek nad7 so 7 7ipol 8 nikoj nemat dobieno Mislam do nad 8inesto rangirale zaradi golema konkurencija od 10 prosek stignale do 8inesto taka kazale od mon mn imalo aplikacii si visok prosek
Последниот е со 8,1 просек, во трета група скоро секогаш до кај 7,5 некаде оди последниот, годинава поголема конкуренција плус, нормално е