Ја овој феномен стварно не го разбирам. Што добиваат со тоа што (понекогаш со недели) ја кријат таа информација? Бог да чува.
Дали после завршувањето на 3 годишни студии, има опција за уште нешто плус да учиш во таа струка? Знам само за логопеди дека има за клинички логопед, но за другите струки не сум сигурна? За смерот за медицинска сестра ме интересира.
Некој да сподели искуство со полагање од катедра по гинекологија? Дали се строги и дали даваат многу комплицирани прашања, и ако се полага онлајн има ли можност да не бараат камери?
За општа медицина прашуваш или друг смер?? Се зависи кај кој си ако прашуваш за усно, а за колоквиуми не се полагаше онлајн со присуство се полагаше.
Дали може некој да ми каже каков вид на прашања даваат хистологија или ако имате сликано прашања да пратите во лп
Здраво дечки, дали знае некој како да напишам молба за изгубен индекс и дали треба прво да се однесе во архива да се завери или не ? Ми спомнаа за уплаќање 1500 ден на сметката на факултетот,но не ми кажаа ништо за новиот дупликат индекс. Дали може да го купам во книжарниците околу или треба они да ми дадат ?
Молбата би требало да ја формулираш сама(како оние за потврда за редовен студент/уверение за положени испити), секако дека треба првично да се завери во архива. Ако не се лажам, по ново, студентите си ги купуваат индексите, така да прашај во трафиката кај Хипократ или во Трио дали имаат.
Дали некој има стручна литература скрипти по било кои предмети онлајн(медицина)? Ако може да ми прати
Дали е паметно со средно мед.сестра да се продолжи за виша сестра.Колку се исплаќа да не бидат за џабе фрлени 3 год бидејќи и со средното си сестра а со факс само ке имаш плус 50 евра плата а ке се утепаш учејќи.Според вас кој друг смер е подобар да се просперира?
Услов е за 5ти семестар, за радиологија и нуклеарна медицина. Немаше задачи по тој предмет. Само теорија и препознавање на формули, лесно е многу.
Не, како што знам само оцената се гледа од проектната. Но, сепак повеќето ја биравме од медицинско стручно по некој стручен медицински предмет или од гимназија нешто од биологија или хемија. Сепак тоа е сродно за медф и тоа што ќе истражиш и правиш проектна ќе ти помогне да знаеш нешто плус за тебе..
здраво! дали некој може да ми прати било какви прашања ембриологија..да ми помогне за повтарање..веќе имам поминато се, неколку пати, но само ми требаат прашања а на интернет не можам да најдам..
Логопед. Јас сега да се запишував пак, логопед ќе запишев. И вака како сестра ми е убаво ама мислам логопед е најпросперитетно. Некако повеќе ја ценат таа струка.