Дали некој од постарите има мејл или број од проф. д-р Соња Генадиева Ставриќ од хематологија? @Waverly Raven тебе те тагирам бидејќи си од постарите генерации Не можам да верувам колку се неодговорни професорите од клиничките предмети, ги молиме 10 пати за да постават презентации бидејќи полагаме сега во петок и само викаат аха добро важи, ќе пренесеме, ќе поставиме и нема се уште. Зарем толку е тешко да се постави презентација на teams, знам дека имаат работа ама од почеток на ноември до сега да им пишуваш, да им одиш лично и пак да не постават...
Немам од неа, ама ете се надевам @Guns N` Roses ти помогнала. Инаку, welcome to the club. Професорите и асистентите по клиничките предмети(ретки исклучоци) и самите не знаат зошто се на таа позиција. Никој нема да ме убеди дека се дотолку зафатени да не можат да си ја вршат работата, бидејќи сепак работа им е/обврска и плус плата земаат за таа обврска. На крајот на краиштата никој не ги присилил да бидат во катедра.
Воопшто ни seen ни ништо значи, полагаме испит а презентации нема поставено, учебник конкретно за нашата програма нема го користиме том 2 интерна медицина ама и таму е обемно. Зошто да биде едноставно кога може да биде комплицирано работава, се снаоѓаме од 300 места да спремиме материјал надевајќи се дека ќе бидат океј прашањата.
Со лесно, секогаш мора да има и вакви предмети, ќе се навикнете полека, кога ќе влезеш во бубањот нема што друго да се прави. Мора да се игра со картите што се поделени, а за жал картите не се баш најдобри. Ќе отрпнете на нервозите со тек на време, прва година колку ме вадеа од патики со неодговорност, сега претпоследен семестар ми е и полабава не знам дали сум била, навикнав на тоа дека се такви.
Здраво.. ако може некој да ми одговори дали анатомија 1 за череп има прелиминаторен тест и ако има како се одвива тој?
Има. Јас кога полагав имаше слика од череп со означени бројки и од другата страна да ги пишеш тие бројки што структури се. За прашања на заокружување не се сеќавам дали имаше, битно треба визуелно да ги запамтиш отворите и другите структури зошто сликата носеше најголем дел од поените.
Дали некој знае што значи зборот рефрактерна (рефрактерна полицитемија пример) , добивме материјал ден пред испит но никако не можам да најдам знаечење на зборов за да сфатам што значи?
Некое искуство за полагање медицинска психологија онлајн? Некако мн неорганизирани се од катедра и буквално ништо не кажуваат.
Некој од постарите колеги да даде мислење како би одговорил на следното прашање? Кои се индиректни показатели за забрзана разградба на еритроцитите при хемолитичка анемија: а) хемоглобин , билирубин , ЛДХ, кумбсов тест б) АСТ,АЛТ,ретикулоцити,кумбсов тест в) хаптоглобин,тромбоцити,хемостаза,фибриноген г) тромбоцити,еритроцити,хемоглобин,ретикулоцити Со оглед на тоа што хемолитичката анемија се карактеризира со распад на еритроцитите логично би било под А да е точен одговор но не знам дали тој што го правел тестот што сакал да каже со тоа индиректни показатели. Хемоглобин,билирубин и ЛДХ заедно со директниот кумбсов тест би биле директни показатели според мене бидејќи се специфични за хемолиза (покачен индиректен билирубин, покаченa лактат дехидрогеназа што е целуларен ензим).Ретикулоцитозата е еден индиректен парамтетар кој може да укажува на хемолитичка анемија па после многу мислење заокружив под Б иако мислам дека згрешив бидејќи АСТ/АЛТ немаат баш врска со хемолиза но бидна што бидна. На вакви навидум лесни прашања многу се бунам. Од друга страна пак и хаптоглобинот е спомнат како дијагностички параметар ма да со таа комбинација никако не ми оди да е друго освен А или Б.
здраво дечки, може некој да ми каже дали даваат да се учи во библиотеката во институтот за анатомија? или во некоја библиотека во склоп на факултетот?
Zdravo! Dali znaete kade mozhe da kupuvam koski na glavata? I nekoja informacija za tretiot kolokvium po Anatomija 1?