Каде може да ги видам резултатите од ланските уписи на медицинскиот факултет во Скопје- Општа медицина
Ова се преелиминарните резултати каде што се наведени сите кои поднеле документи и конкурирале, не е ова конечната листа за прием.
Не е ништо страшно. Општа медицина скоро сите семестри се со 6 предмети, има само еден со 5, а има неколку и со 7. А замисли на страна плус изборните предмети, неспоредливо е.
Пред некој ден направив електронски упис на семестар, сега нема ништо од тоа на страната, исто како да не сум направила. Кога се носат документи на факултет? Патем сум втора година, затоа прашувам немам поим што се случува на факултетов.
Прерано изгледа по грешка го отворија уписот, па повторно го затворија зошто ако не ти е одобрен упис не можеш да пријавуваш испити, а многумина не можеа да направат упис зашто немаа извршено евалуација (што исто беше поради грешка од студентски зошто немаа ставено професори и асистенти по сите предмети). Цел хаос испадна. Најверојатно не ти е важечки тој упис кој си го направила. Ќе отворат пак и тогаш ќе направиш, а за носење документи е сѐ уште рано, ќе истакнат на огласната табла на страната известување кога ќе треба.
@MagsDestiny и @Arja Со толку предмети во семестар, ајде 6 нека се не е страшно сум ги имала и сум завршувала на време ами повеќе од 7, како постигнувате? На што најмногу се концентрирате? Како ви е распоредено времето, со оглед на тоа дека треба да се следи и настава и пракса плус? Please share
Учење на време. Барем мене тоа ми успеваше. Кога имаш колоквиуми на секои 4 недели не можеш да оставаш да ти се насобира материјал, мора континуирано да учиш и да го совладуваш материјалот. Не викам да се затвораш дома и да не ја оставаш книгата ама треба да е посвети време. Нјатешко ми беше лани во зимски семесар затоа штп беа многу предмети а на факултет бевме од сабајле до кај 5 а имаше и денови кога седевме до 6-7, тогаш требаше да седам и навечер да учам а ти се спие ти се плаче. Ама се поминува. Сега ми е мило што тогаш се успеав да исчистам и сега не се замарам со ништо.
Тригодишните студии поготово сестри, логопеди и радиолози многу лесно си поминуваат, проф не им обрнуваат мн внимание и не се замараат. Ама затоа на општа го тупат до бесвест за сите студии заедно
Како што ти кажала срценце, тригодишните студии се неспоредливи со општа медицина. Анатомијата за сестри кога ја видов ми се стемни, како боенка е во спореба со нашите анатомии. Секој си има различен стил на учење, така да нема баш најправилен начин. Некој учи континуирано и така му е полесно. Јас ем имам куп материјал за учење, ем одложувам до скроз последен момент. Имам среќа што многу бргу памтам, па доволно ми е еднаш до два пати да го прочитам нештото за да го запомнам.
Мене ова би ми било 2 фак. И сега сакам стварно да си ја сфатам сериозно работава, сепак, овој избор ми е далеку посериозен од првиот. Мене ми е дали се ке се постигне на време и дали успева да се псотигне се на време.