Морам да ја имам инсталирано на лаптоп за да следам предавања и вежби стар студент сум тогаш не бевме онлајн не знам како оди тоа ?
Може и од телефон и од лаптоп, како сакаш. Треба да имаш меил од факсот направен, тоа е како корисничко име и да се најавиш. После со кодови да влезеш во тимовите... На меил ти нема стигнато корисничкото име семестаров кога го запиша?
Здраво,дали некој знае како оди префрлање од Штип и Тетово во Скопје дали може од 2семестар или на крај на година објавуваат конкурс за трансфери?Дали воопшто е возможно без врски да се префрлиш?
Најубаво да си прашаш во деканатот на Медицински факултет во Скопје. Конкурс посебен за трансфери нема, правилата на факултетот се дека не смее да има префрлања, но бидејќи има многу колеги кои секоја година се префрлаат, не верувам искрено дека сите се со врски, па би требало да може и така да се префрлиш. Најубаво прашај.
Искуство со полагање колоквиум биофизика? За колку време отприлика се спрема и дали се паѓаат прашањата од фотокопирот?
Се паѓаат прашањата, ама зависи, на некому можат да му се паднат повеќе од прашањата, на друг помалку, ама се положува секако.
Максимум 4-5 дена лабаво читање, убави поени извадив на тој колоквиум, а толку го спремав, така да мислам дека е доволно, лесен предмет е, учи ги повеќе другите, овој онака читај си го. За другото не се сеќавам, веќе долго време помина откако полагав.
Ќе може некој да ми објасни како иде полагањето имунологија, колку колоквиуми има, како се полага испитот? Дали ако не полагам сега, а полагам во август се наеднаш се полага? Дали има посебно практичен и усмен испит? Кој матријал е за колоквиум и дали истиот треба подоцна и за испит? Фала однапред.
Имунологија има два колоквиума и усмен испит (тероија (материјалот од колоквиумите), практичен (практикумот) и анализа на случај (книгата анализа на случај)), едниот колоквиум се полага во колоквиумска, другиот во јануарска сесија, усното во овој случај се полага јануари или јуни. Ако паднеш колоквиумот во колоквиумска или ако воопшто не го полагаш, полагаш комплетен тест и за двата колоквиуми во сесија 40 прашања на заокружување (25 од прв, 15 од втор колоквиум), кога е ќе го положиш писменото одиш на усно или во истата сесија или во наредата. Уснтот се полага на ист начин. Ако полагаш во август ќе полагаш вака. Усмениот испит е во ист ден прво се полага практично и анализа на случај, а пота се полага теорија. Не знам кој точно материјал беше за колоквиум, ама тој е и за испит за прашањето теорија од усно.
Здраво! Можете ли да ми кажете каде да ги купам коските на главата за да ми помогнаат со третиот колоквиум за анатомија или некои совети кои можете да ми ги дадете за овој колоквиум? Ве молам помогнете ми!
Коски на глава не можеш да купиш одделно, има некои черепи што се продаваат пластични ама искрено џабе фрлени пари се тоа. Череп може да се изнајми но не се наоѓа лесно од каде, едино можеш да вежбаш на институтот. Има една апликација Anatomy Learning се вика (јас ја користев) можеш да си ја спуштиш на Playstore и барем за коските е бесплатна додека за другите опции се плаќа но е многу корисна и ги има сите анатомски детали обележано и можеш да манипулираш со коските (да ја вртиш и да ги гледаш сите анатомски структури). Череп е потежок дел од анатомијата токму поради тоа што има послаба визуелизација на сите мини структури но може и да се совлада без купување на вистински череп.
https://anatomylearning.com/webgl2021v4/browser.php Користи ја веб верзијата бесплатна е, за разлика од апликацијата на телефон каде имаш ограничувања
Радиологија има една српска книга што ја препорачаа професорите и асистентите, повеќето од предавањата се од таму.
Ќе може ли некој од постарите колеги да ми даде совет околу хистологија.. Се уште не се знае што како ама рекоа дека практично ќе имаме веројатно поставено препарат и да кажеме што гледаме па ме интересира пред короната како се одвивал тој дел, кога тестот кога практичниот дел,и од каде најлесно би можела да научам за практичниот
Обавезно да гледаш препарати на интернет, јас гледав на Histology Guide, знам дека колеги гледаа и на Biolucida.
Од копирницата ја зема? Која цена е? И како ја побара, како српска книга радиологија или има некој наслов и автори по што ја знаат која е точно?