Миф има и дел физиологија на клетка во испитна што го полагавме. Да, види во студентскиот информатор, се е детално објаснето
Дечки дали за колоквиумот по Патологија 1 е доволно да се учи од книгата со избрани поглавја или треба да учиме од некоја друга литература?
Dali nekoj izdava cerep ili znae nekoj sto izdava? Ako znaete pisete mi kako da stapam vo kontakt,potreben mi e za spremanje materijal od anatomija 1.
Општо и ние и вие сме практично „неписмени“, а сега со коронава убаво пиша Guns кец на десетка им е. Имаме вежби само отколку да се каже дека имаме, особено на клиника внимание никој не ни обрнува, уште и криви некогаш сме што сме биле 5 студенти на вежба, многу гужва сме правеле. И не не смее да биде ОМ се пред вас, и на вас ви се потребни вежби исто колку и на нас, дури вас и повеќе, бидејќи тоа ќе го работите, ние биохемија вежба немаме одржано со физичко. Разбирам дека некои катедри немаат многу простории, ама сепак има начини да се среди и ние и вие да имаме вежби и барем нешто да се научи од практичен аспект. И после нестручен кадар ќе има... Можеш да постигнеш, фокус ќе ти се анатомија, миф и хисто за јануарска, ако анатомија си положил и рака и нога немаш гајле, череп се надевам ќе положиш, испитот е најлесниот дел од анатомија 1. За јануари ќе спремаш морфологија делот, ако можеш и физиологија, а хисто ќе гледаш барем ембриологија и ткива да положиш и сега труди се ткива да положиш во колоквиумска.
Општо хаос е факултеот и не функционира ништо нити уписи, нити студентска служба, нити администрација а да не зборуваме за наставата. Годинава само си лупнаа презентации за теорија и вежби и ајде учете јуху за месец дена колоквиум. Толку ми е депре годинава што учам со сила , лани бев мотивиран некако, замислував кој знае што ќе искусиме студирајќи ама ко што тргнало дипломиравме онлајн и без настава. Само не знам зошто не сфаќаат дека утре тие доктори/лаборанти/сестри ќе работат или на институтите или на клиниките и не дај боже они може да паднат во сечии раце. Свесно продуцираат неписмен и неедуциран кадар а после тоа се жалиме каде е јадрото на проблемот , епа...
Здраво! Немам поминато никаков колоквиум по анатомија ниту по ембриологија. Можете ли да ми дадете неколку совети како да управувам со времето и како подобро да се справам со стресот? Каде да се фокусирам за јануари? Дали да влезам во третиот колоквиум за анатомија сега во декември или пред сесијата? Ве молам помогнете ми.
Треба да започнеш да го планираш и ефективно да го користиш времето. Прво види во кој дел од денот најдобро си сконцентриран/а и кога најдобро функционираш, во тој дел од денот ќе се посветиш максимално на учењето. Знам дека некои ќе кажат најефективно е наутро, ама тоа не важи за секој некој има најголема концентрација навечер, сите различно функционираме. Подели ги обврските рационално за да го распределиш и времето за учење рационално. Дади си цели во колку ќе станеш, ќе легнеш, мора да имаш квалитетен сон на мозокот и тебе му треба одмор, кога ќе учење, кога ќе јадеш, ти треба храна за енергија, не прескокнувај оброци, кога имаш вежби, на предавања уклучи се, но не мора да слушаш, само да седи уклучена или воопшто не уклучвај се, ако телефонот или компјутерот ти одземаат внимание додека учиш, тргни ги настрана, доколку друштвото те бара за излегување можеш да кажеш не ако немаш време да излезеш, нема да ти се налутат. Исто додека учиш давај си кратки паузи, исто повторувај го материјалот што го учиш. Фокус во јануари да ти се анатомија, хистологија и миф, не велам другите да не им обрнуваш внимание ако можеш да спремиш и од другите предмети нешто да положиш слободно, ама главен фокус тие три што ги набројав. Дали да влезеш ти најдобро си знаеш, направи убава проценка, не знам до кога ви е рокот да одлучите, до тој момент види до каде си и како стоиш со материјалот и дали до терминот за трета колоквиумска ќе успееш да досовладаш се, исто прашај некој од втора година каков бил тестот за череп за да имаш претстава. Ако гледаш дека не можеш, не оди на ризик подобро претсесија ама положено, ама ако можеш за трета оди во трета. Најобемни коски ти се сфеноидална, темпорална и краниофацијлните јами. Овие треба убаво да ги знаеш. Повремено учи и за ткива, ткивата не се тешки за да пробаш барем ткива да положиш и да си олесниш.
Добар ден, јас сум матурант, кои предмети за матура се најсоодветни(најмногу поени што даваат) за медицински факултет
Имаше едно за предмети кои се соодветни за кој факс. Биологија и хемија најчесто се полага како екстерен соодветен за медицински. Мислам дека и уште некој предмет можеше, но најдобро тој фајл да го најдеш, најточно ти е таму пишано.
Зависи на кој начин ќе полагате матура Ако полагате како до 2019 екстерни македонски, математика или наглиски кој било од овие, и трет екстерен биологија или хемија, а интерен биологија, хемија, физика или стручен ако си средно медицинско Ако полагате како лани екстерни македонски, математика или наглиски кој било од овие, и два интерни биологија, хемија, физика или стручен ако си средно медицинско Проектна во двата случаи од кој било предмет можеш
Благодарам Уште нешто, дали знаете дали повторно ќе се примаат помалку ученици во Скопје за општа медицина како претходната година?