Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. moonbirthed

    moonbirthed Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2021
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Здраво!

    Јас исто така сакав да прашувам како треба да одговориме на есеиски прашање? Бидејќи третиот колоквиум во Анатомија 1 ќе имаме четири есеиски прашање, ама не знам колку реченици да пишувам, и што да пишувам. На пример, ако ќе имаме art. temporomandibularis. Што да пишувам?
     
  2. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.939
    Допаѓања:
    6.798
    Пол:
    Женски
    Се што знаеш во врска со наведеното прашање, пример за зглобов ќе кажиш кој тип на зглоб е, кои се зглобни површини, лигаменти, зглобна капсула, движења кои ги прави.
    Гледајте да напишете што е можно повеќе што знаете за наведентот прашање
     
    На dahlia_desire и moonbirthed им се допаѓа ова.
  3. moonbirthed

    moonbirthed Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2021
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2

    На пример, ако треба да напишеме за art. temporomandibularis, дали е во ред или дали треба да напишам повеќе? Немаме многу време за колоквиум и монгу сме збунети.
    .
    .
    .
    Во art. temporomandibularis се зглобуваат кондиларните израстоци на mandibula со мандибуларните јами на двете слепоочни коски, со посредство на discus articularis.

    Зглобни површини на art. temporomandibularis се: caput mandibulae, tuberculum articulare и fossa mandibularis и discus articularis.

    Зглобната капсула (capsula articularis) е изградена од фиброзна мембрана која има форма на пресечен конус, чија поширока база е ориентирана нагоре, прицврстена на рабовите на зглобните површини на os temporale и потесна база на caput mandibulae. Фиброзната мембрана ја сочинуваат два вида влакна: долги , или површни влакна кои се припојуваат од os temporale до mandibula, и кратки, или длабоки влакна, кои поаѓаат било од os temporale, било од mandibula , а со другиот крај се завршуваат на периферниот раб на discus articularis. Зглобната празнина на виличниот зглоб е поделена на два дела горен дел, над зглобниот диск и долен дел, под дискот. Секој од овие два дела има посебна синовијална мембрана која ја обложува внатрешната површина на соодветниот дел на фиброзната мембрана, но не ги покрива зглобните површини ниту пак зглобниот диск.

    Капсуларни врски. Фиброзни врски на art. temporomandibularis се: главни или капсуларни врски и споредни врски.
    Главните или капсуларни врски се вткаени во самата фиброзна мембрана на зглобната капсула и ги зајакнуваат нејзините бочни страни, надворешната и внатрешната страна. Особено цврста и развиена е lig. temporomandibulare.

    Споредните врски се оддалечени од art. temporomandibularis и главно претставуваат задебелување на соседните фасции. Постојат три споредни врски и сите се наоѓаат внатре од аrt. temporomandibularis: lig. sphenomandibulare, lig. stylomandibulare и raphe pterygomandibulare.

    Функција на зглобот. Движења на спуштање и подигање на mandibula, кои одговараат на отворање и затворање на устата; движења на mandibula напред и назад и движења на ротација на mandibula.
     
  4. medstudents

    medstudents Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2021
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    66
    Дали некој памти од пред две години кога отприлика во јануари/февруари се полага писмениот дел од тестот анатомија 3, зашто лани немало
     
  5. zigzag224

    zigzag224 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2021
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    126
    При крај на сесија се полага писмениот дел, ама нека не ве залаже тоа, почнете уште сега со спремање.
     
  6. Ilajla666

    Ilajla666 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2019
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    1.348
    Дали некој знае како ќе се полага усниот дел(завршен) генетика во јануарска сесија?
     
  7. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.939
    Допаѓања:
    6.798
    Пол:
    Женски
    @moonbirthed Во ред е, гледај се што можеш да опфатиш во одговорот вака како што пиша, но пази и на време.
    Лани само во јануарска немаше, во јунска и во септемвриска имаше, а во јунска и септемвриска неколку (ден-два-три) дена пред усното се полагаше тест. Во самиот распоред имаше два термина еден до друг анатомија пример едниот понеделник, другиот среда и уште пред да почне сесија се знаеше дека понеделник ќе е тестот, а среда усното. Ќе ви кажат кога ќе имаме распоред кога ќе се полага паднат колоквиум, кога тест, кога усно, барем за тоа се редовни анатомија
     
    На moonbirthed му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.939
    Допаѓања:
    6.798
    Пол:
    Женски
    Знаете некоја добра страна како histology guide/biolucida ама за патологија?
     
    На moonbirthed му/ѝ се допаѓа ова.
  9. moonbirthed

    moonbirthed Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2021
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Ne znam dali e dobro, ama jas prva godina sum i ne znam shto treba za patologija da videte hahahaha

    https://webpath.med.utah.edu/GENERAL.html
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Jo Wilson

    Jo Wilson Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2021
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    Да прашам, дали хисто писмено е потежок тестот од ембриологија според вас? Даваат ли исто некои прашања надвор од материјалот? На што да се обрне најмногу внимание?
     
    На dahlia_desire, moonbirthed и Queentins им се допаѓа ова.
  11. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.169
    Допаѓања:
    5.387
    Пол:
    Женски
    Мене лично, самиот материјал ембрио, ми беше полесен од хисто, па така и тестот. Ама јас кога полагав, беше Миленкова шеф, а таа беше доста полабава од Лена, така што, не знам какви тестови сега прават…
     
    На anxxxxiety, FridaodaMk, Jo Wilson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.342
    Пол:
    Женски
    И мене ембрио ми беше полесен материјал. :)
     
    На ElenaOfRivendell и Jo Wilson им се допаѓа ова.
  13. ШтоАко

    ШтоАко Активен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2021
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Машки
    Тежок ли е факултет како факултет, предмети, услови, предавања, нешто околу пракса и било какви информации ќе ми бидат од корист.
    Благодарам однапред.
     
  14. Sparki4

    Sparki4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2021
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Здраво. Дали некој чува или памти прашања од колоквиумот по Имунологија?
     
  15. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.939
    Допаѓања:
    6.798
    Пол:
    Женски
    Индивидуално е тоа, зависи и што подразбираш под тешко.
    Има доста предмети во една година што треба да се совладаат, имаш на веб страната кои предмети, во која година.
    Услови има и се наведени во студентскио информатор кој е исто на веб страната.
    Предавањата се одвиваат онлајн сега, може да се научи има професори што одлично предаваат.
    Праксата, вежбите можат да бидат подобри, ама пак кој сака може да се потруди да научи.
     
    На Lavender4 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mm03

    Mm03 Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Дали на медицински факултет се важат колоуквиумите или се полагаат само испити?
     
  17. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Машки
    На медицински за да се положи одреден предмет (во 95% од случаите) се полагаат колоквиуми во колоквиумски недели. Откако ќе се положат се пристапува на завршен испит кој се одвива во сесија (јануари/јуни/септември) и тогаш се положува предметот. Доколку не се положени сите колоквиуми не може да се пристапи на завршен испит и со тоа да се положи испитот. Во ретки случаи постојат предмети кои се положуваат само со колоквиуми но тие се помалку значајни отколку другите.
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mm03

    Mm03 Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Фала ти, изгледа е доста потешко за разлика од другите факултети и бара посебна желба да ја сакаш медицината и доста труд и посветеност да го завршеш како и за било што( очигледно за медицина малце повеќе )
     
  19. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Машки
    Да, факултетот функционира поспецифично но секаде е така. Медицината е обемна наука и не може брзински да се помине. Тоа со испитите функционира така од причина што материјалот е обемен и е поделен зависно од обемноста на неколку колоквиуми и плус испит кој се состои од писмен дел , практичен дел и усмен дел (или некоја комбинација од овие три) и така се проаѓа одреден предмет. Но доколку имаш желба вакви работи нека не те плашат, со доволно труд и посветеност сѐ се постигнува.
     
    На Angie1432 и Glowy им се допаѓа ова.
  20. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.939
    Допаѓања:
    6.798
    Пол:
    Женски
    Да надополнам има и предмети што се полагаат со колоквиуми, но сепак не можат да се положат во колоквиумски недели, затао што еден колоквиум е во колоквиумска, а друг во сесија, а има и предмети кои се со едно полагање, а полагањето им е само во сесија. Така да за секој предмет имаш полагање во сесија. @Mm03