Охооо колку брзо пишуваш? Хахаха, ама да у главно тоа кажаа дека треба, најважно е да опфатиш тоа што беше за во табелите на претходните два колоквиума
Здраво феминки, ми треба некоја што е трета или четврта година, да ме контактира во порака. Фала ви однапред.
Што знам,еве од почетокот учам од последната колоквиумска и при крај сум. Учи во друштво,2ца се потребни замногу побрзо да одите низ цел материјал. Јас учам со колешка и до сега анатомија сама дома немам учено па ги положив со макс
Ама тоа зависи индивидуално.. не секој учи така или не секој спрема за недела ипол. Јас кога прашав колку време ќе биде потребно за ембрио повеќето беа за поише од недела дена па го спремив за 4 дена,последниот викенд го остаив само за ембрио и го положив
Дечки, дали треба и колоквиумите во испитна да ги пријавиме во iknow? И дали знае некој да го објасни распоредот? Зошто имс повеќе термини пр. Хисто1? Прво се за паднати колоквиуми или може да бираме киј датум да полагаме?
Ако го полагате завршниот испит пријавувате, но катедрите бараат некогаш и ако се полага колоквиум да е пријавен, искрено на iknow скоро секогаш сите се пријавуваме без разлика дали полагаме или не, затоа што секако списоци се парават дополнително и тие се валидните, а не пријавите на iknow. Тоа ќе прашате, некои катедри даваат да се избере, некогаш прв рок е само за паднати колоквиуми, а втор само за завршен.
Во iknow сега има и декади да се бира гледам. Во прв рок да си стојат тие што имаат само еден понуден рок така? Втор рок понуден додуша само малку предмети имаат, но добро, да си прашам пред да пријавам за сигурно.
Прашање до постариве колеги. Дали е возможно воопшто да се положи патологија 1 во јануари? И дали сте спремале само од Робинс или може и со скрипта?
Во прв ги редевме кога бевме прва година, тогаш само имавме таква можност, после само по 1 рок беше или со списоци. Возможно е, само ние треба да бираме патологија или други предмети поради распоредот
Дефинитивно е возможно, не е предметот монструм као што е прикажан (особено сега), само треба трпение и упорност.
Прашав бидејќи некако нема баш време да се учи од Робинс, плус и микро не е малку матерјал и патофиза исто, се си бара време да се научи. Фала ти, супер штом може со скрипта Фала ви и вам дечки
Од Робинс е премногу ќе се изгубиш во матријалот. Скриптата е сосема доволно, ако нешто не ти е јасно можеш да прочиташ од Робинс, да се дополнуваш.
Дали практичниот Биохемија1 и завршниот тест се полагаат посебно и дали може да се полага само практичен а испитот да се остави за во друга сесија?
Во групата на фб колешка има пратено презентации радиологија , дали е тоа и доволно да се учи за колоквиумите ? И дали е тоа целиот материјал ?
Здраво, ако генетика не ја положам сега во оваа сесија дали ќе треба да ја презапишам 4ти семестар и дали колоквиумите што ги имам положено ќе ми важат или од ново ќе треба да ги преполагам? Фала ви