Генетика е 6 сесии, ако ја имаш лани слушано не треба да презапишваш,а дали важат колоквиумите тоа не знам прашај ја секретарката
Случајно ги видов сторињата на инста профилот на д-р Горан и се згрозив искрено.. Уште ли постојат вакви типови на кои катедри предаваат може да откријат постарите колешки??
Најтрагично е што никој нема храброст да ги пријави, а сите знаеме зошто, имаат моќ, нема да го завршиш факултетот, ќе те заглават. А сигурно колегите нивни знаат и мудро си ќутат. То е јавна тајна, ама никој нема храброст јавно да го кажи
Не е само тоа законот ни е глуп не смееш да го снимиш пример, дека е нелегално прибавен материјал и на крај место он ти ќе загазиш со тужби и една купа глупости.. Дополнително собираат сила зошто молчат, сите да се обединат тешко дека таквите би излегле надмоќни
За еден ист се збора, да тој од неврохирургија е. Точно, јавна тајна е ситуацијава со професорот. Пријавено е во деканат повеќе пати, запознати се со случајов и засега единствено нешто шо презеле е присуство на “екстерен” член на полагањата кај тој професор, односно вработен/а на клиниката(кој ќе се најде) и ништо повеќе. Вербалното малтретирање продолжува, впрочем физичко мислам дека не ни имало досега, ама затоа постојат мал милион приказни од полагање испит хирургија кај овој професор.
Кога ќе научиме дека со молчење и остави има и полошо не се решава ништо и дека промената треба да ја градиме на индивидуално ниво тек тогаш сите работи ќе си дојдат на место..
Имам слушнато и за други професори. Исто едниот е од хириргија, ортопедија. Ова е многу голем проблем за кој студентките не се осудуваат да проговорат не само на медицински и на другите факултети. Сосема случајно бев сведок како девојче плачеше затоа што немаше храброст да појде на полагање кај ваков идиот и молеше да оди некој со нејзе на полагање. Најчесто овие професори имаат грб, заштитени се од тие на повисоките функции. За жал сеуште постои сексуалното вознемирување на студентки од страна на професори. Треба само да се најде начин и храброст ваквите гниди јавно да се објават кој се, затоа што овие се луѓе со семејства и без никаков срам го прават ова на студентки кои може внуки и ќерки да им бидат.
Па важно е зошто ти си бираш кога ќе ги полагаш тие предмети што понудиле 2 рокови. Или во прва или во втора декада, мора да пријавиш точно како што ќе полагаш. После кога ќе помине пријавување во ајноу не може да смениш од втор во прв рок да полагаш пример.