Па според условите во студентскиот информатор како што се пишани да, бидејќи положена биохемија 1 е услов за 6ти семестар само, а биохемија 2 е услов за 4 година (т.е 7миот семестар). Таму се пишува, разгледај го студентскиот информатор.
Колеги од каде учевте Неврологија, има 2 книги јас ја купив таа од повеќе автори од Просветно дело но постарите колеги ми рекоа учеле од УГД книгата
И јас мислев да, ама да прашам за сигурно. Фала ви девојки. Ако не запишеш изборен 34,5 кредити со биохемија ќе дојде, па нема никаков проблем да има. Ама и јас имам овде прочитано со молба дека можело и до 40 кредити.
Здраво. Дали се сеќавате како изгледаше елиминарниот тест по Анатомија 3, за органи и ЦНС? Колку и каков тип на прашања од прилика?
3 есејски од ЦНС, 3 од органи, имаше и на заокружување и на надополнување, исто од ЦНС и од органи. Всушност беа два теста, еден за цнс, еден за органи, при што мораше на двата да имаш барем минимум поени, за да положиш, односно независно колку поени имаш на едниот, доколку не извадиш бар минимум на другиот, паѓаш.
Некој од колегите доколку учел Микробиологија ако сака да ми ги одговори прашањава пошто гледам во книга и малку ми е конфузно и се бунам а знам дека се едноставни но ќе ги згрешам повеќето пошто не сум сигурен во себе... (патем учиме по книгата за фармацевти а предавањата и видеата се за медицинари се е каша попара нит знам што да читам ни каде да читам) Грам+ и Грам- бактерии се разликуваат во? а) кл. ѕид б) кл.мембрана + антимикробна способност в) кл мембрана г) кл. мембрана и кл. ѕид Ова би требало да е под Г бидејќи и мембраната им се разликува барем колку што пишува во книга (надворешен/внатрешен слој и периплазматски простор кај грам- додека кај грам+ нема периплазматски) но во практикумот пишува само во кл. ѕид се разликуваат па не сум сигурен кое е точно. Резервен извор на енергија кај некои бактерии преставуваат? а) спори б) метахроматски зрнца в) рибозоми г) хидрокси бутерни зрнца (колку што прочитав и под б и г понудените се извор на енергија, не знам ни тука кое би било точно) Која компонента на цитоплазмата на кл. ѕид кај Грам- бактерии е О-антиген? а) фосфолипиди б) липид А - токсин в) липополисахарид г) петпидогликан д) гликофосфат Со која постапка се стерилизираат крвните деривати потребни во трансфузиологијата? а) плазма стерилизација б) пастеризација в) автоклавирање г) филтрација низ микробиолошки филтри д) сува стерилизација
Јас учев од другата книга, мислам од проф. Арсовска(ваљда таа е од УГД). Не знам како ќе ви се одвива испитот, нам ни беше само тест и таа беше доволна + прашања да ѕирнеш пред полагање секако. Таа од повеќе автори и јас ја купив, ама многу е обемна и материјалот не е баш едноставен. Немав многу време во таа испитна сесија за големава книга.
Грам+ и Грам- бактерии се разликуваат во? а) кл. ѕид б) кл.мембрана + антимикробна способност в) кл мембрана г) кл. мембрана и кл. ѕид Ова би требало да е под Г бидејќи и мембраната им се разликува барем колку што пишува во книга (надворешен/внатрешен слој и периплазматски простор кај грам- додека кај грам+ нема периплазматски) но во практикумот пишува само во кл. ѕид се разликуваат па не сум сигурен кое е точно. Периплазматски имаш и кај Грам+ само е потенок од Грам- Резервен извор на енергија кај некои бактерии преставуваат? а) спори б) метахроматски зрнца в) рибозоми г) хидрокси бутерни зрнца (колку што прочитав и под б и г понудените се извор на енергија, не знам ни тука кое би било точно) И б и г се точни ама потрајни се овие под г. Која компонента на цитоплазмата на кл. ѕид кај Грам- бактерии е О-антиген? а) фосфолипиди б) липид А - токсин в) липополисахарид г) петпидогликан д) гликофосфат Не сум 100% сигурна Со која постапка се стерилизираат крвните деривати потребни во трансфузиологијата? а) плазма стерилизација б) пастеризација в) автоклавирање г) филтрација низ микробиолошки филтри д) сува стерилизација б за млеко се користи, д за стакло, текстил другите не знам