@srcence1607 под притисок најубаво се учи. Батали оние кои уште оваа колоквиумска не завршила, а тие почнале да се спремаат за наредната, па сепак им треба да го поминат материјалот минимум 18 пати за да научат нешто. Јас можда ќе пројдам 600 страни во еден ден, ама пак поубави бодови ќе извадам, и пак ќе имам убаво научено.
Абе тоа си зависи и од човек, ете ти брзо памтиш и учиш, некому му е потребно време плус а и си сака послобен да е после. Јас искрено би си го распоредила времето. Мада да не планирам уште сега како ке е ))
Дефинитивно општа се учи под притисок, зашто преку глава ми доаѓа од колоквиумски башка знаеш и сама меѓувремено нешто плус практично се полага и коа ќе заврши колоквиумска едвај чекам, недела, недела ипол да се одморам, па после тоа турбо да учам отколку постојано да учам од јутра до сутра без концентрација и 200 пати да повторам некој материјал. Јас си го распоредувам и се ми е организирано ама скоро никогаш не се држам до тој план, не ми успева
@*Amethyst* точно, да, сѐ е тоа до човекот, и како ќе си се навикне и ќе си ја нареди работата. Јас да учам неколку недели пред испит не ми доаѓа во предвид, кога ќе видам уште колку време имам си велам „да бе сега да учам па дотогаш сѐ од глава да ми испари“, па затоа сега ќе сум си послободна, а потоа пред испит седнувам и учам јако ама како што треба да ми е научено сакам. Плус како што буквално секој месец има полагања, ако јас земам да учам со недели унапред значи дека никогаш нема да ја оставам книгата од раце, него ќе се шетам наоколу со неа. Додека еве, имам колеги кои се огромни (огромни е дури мал збор) паничари, и кои секој Божји ден учат, се испотресуваат, пред испит раце им се тресат бедоксини пијат уште малку ги гледаш кај и да е ќе се расплачат ѓоа на гилотина се тргнати, и од таа пуста трема џабе толку бубање кога пак не учат како што треба, помалку бодови вадат, и што е поважно од бодовите - бргу го забораваат ученото. И на тие таквите да им дадеш ден-два пред испит само да учат, по мој принцип, мислам дека има мозочна анеуризма да им пукне.
@yahoo123 Јас барав, ама не успеав да најдам од ланската година туку најдов од 2012/2013 год. за сите смерови од Мед. фак.
Здраво девојки има некоја што завршила или што учи медицина смер логопедија да ми каже како е? Дали е лесно, студентите дали имаат заеднички предавања со оние од сестри, општа медицина, стоматолошки и сл. и какви се шансите подоцна за вработување??
Имаш смер на Фрамацевтски Факултет смер лабараториски биоинженер 3 годишни студии. И примаат со пониски реултати , ако си заинтересираа и имаш повеке поени загарантирано си во државна квота
за заеднички предавања знам дека во прва год сите ке имаме исти предавања и заедно. за вработување, реално кој како се снајде, јер таква ни е државата. Сепак, гледај подалеку од се што ти се нуди тука, можеби ке си најдеш и убава раб на убаво место, може и ке добиеш шанса за надвор. Не му ја мисли мн во тој правец ако више сакаш да студираш тоа
Здраво девојки.. планира некоја да иде на логопедија во скопје.. како што се учи тешко ли е.. повеќе информации ?
Здравје боже кога ке не примат, на 29ти се уписи и тогаш ке треба индекс Дај боже до индексот да стигнеме.
Се плашам еден ден да не ја изгубам љубовта кон таа струка кога ќе почнам да здогледувам дека нема работа. На сите што им кажав дека планирам тоа да запишам ме гледаат чудно велат дека не е ценета струка и дека нема работа за тоа, се наоѓам во тешка ситуација затоа што уписите се за два дена. Барам совет од тие што учат медицина но нема кој да ме поучи кога сме на тема логопедија, а општа мислам дека е премногу но и општата медицина би било добро да учам.
По тежина логопедија и општа медицина не можат ниту оддалеку да се споредат. Дури и кога станува збор за уписите, критериумите се многу строги за општа медицина, додека на логопедија (и останатите тригодишни студии) примаат студенти со многу низок просек. Реално работа, без разлика со кој факултет си, треба да се трудиш многу дури да најдеш, особено поради тоа што сите знаеме како всушност се изведуваат вработувањата кај нас, кој кого познава, и кој како и каде ќе се снајде. Сепак ова не треба да те спречува да го запишеш тоа ако навистина те интересира.
Инаку некој може ли да ми каже како отприлика иде специјализацијата? Дали е полесно од самиот медицински факс, начинот на учење, принципот на функционирање едноставно, пошто појма неам како би изгледало сето тоа? Вистина ли е дека уствари си работиш ти на некој начин всушност плата си зимаш?
Така би требало да функционира специјализацијата, што за жал кај нас не е така. Ако си имаш јаки врски и пари, можда некако ќе земеш некоја минималка, меѓутоа специјализантите кај нас немаат основни примања, ни здравствено ни пензиско ниту пак ги плаќаат за работата, смените и дежурствата. Зборам за приватните специјализанти, додека до државната знаеме како се доаѓа и многу малку се оние кои ја добиваат.
Може ли да ми каже некој до колку часот се уписите за втор и трет уписен рок во Штип, бидејќи подоцна ќе одам?