Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Машки
    За Скопје, сместување има повеќе студентски домови или пак приватен стан кој во просек се плаќа околу 200-250 евра месечно кирија. Од нашите медицински факултети , Скопскиот има најдобри услови бидејќи има свои унверзитетски клиники и институти што другите медицински факултети ги немаат но тоа не значи дека другите се лоши. За професорите индвидуално е , има секакви карактери за некого истите се добри за некого се кошмар итн.. Документацијата ја пишува во конкурсот што ќе излезе и кога ќе дојдат уписите (најчесто се свидетелства од средното образование,дипломата,извод од матичната книга на родени и плус 5-6 други изјави и пријавни листови од факултетот. Школарината кај нас се плаќа секаде исто односно 200 евра годишна школарина за студенти во државна квота и 400 евра школарина за студенти во приватна квота. За другите држави како е не знам.
     
    На ItSMeYoUrGuRl и Glowy им се допаѓа ова.
  2. ItSMeYoUrGuRl

    ItSMeYoUrGuRl Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2022
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Благодарам за информацијата :)
     
  3. Sparki4

    Sparki4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2021
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Здраво. Дали доколку го имам положено првиот колоквиум по имуно ќе полагам посебно втор писмено па потоа одам на завршен усно односно само прашања од двата практикуми или па сега вториот колоквиум заедно усно со практичниот дел? Бидејќи во завршен испит пишуваше практично (практикумите) плус теорија...
     
  4. EliteAngel

    EliteAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2020
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    4
    Некој од постарите колеги да објасни како оди полагањето на завршниот усен испит по Физиологија 1? Дали е доволно само практиктум или треба и од книга (ако треба, дали сите поглавја или само тие поврзани со испитните прашања)?
     
  5. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.939
    Допаѓања:
    6.798
    Пол:
    Женски
    Ако имаш положено ќе полагаш втор колоквиум во јануарска, па ако положиш колоквиум одиш на усно, имаш три прашања прво вежба и анализа на случај, а потоа и едно прашање теорија (цела теорија).
    Најчесто се влечи вежба една од испитните ќе ви дадат документ со испитни вежби. Раскажуваш и зависи од проф од вежба, може да добиеш некое прашање од теорија поврзано со вежбата, покрупни работи. Обавезно имаш прашање за екг, оска и некој дел да објасниш. Наша генерација малку повеќе знаеа теорија да прашаат дека колоквиумите ни беа онлајн, ама сепак добро е ако имаш време да пролисташ теорија поврзана со вежбите.
     
    На Sparki4 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Atticus

    Atticus Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2020
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Машки
    Дали анатомија завршен може да прашуваат за коски на пример, или за череп, нешто надвор од тоа што е предвидена топографијата на рака и нога? И на што да се посвети внимание од претходно положените колоквиуми а што има веројатност да прашаат за завршен испит?
     
  7. floppy77

    floppy77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    659
    Пол:
    Женски
    Коски не прашуваат обично, нешто кое може да те прашаат се нервите, артерии, вени, мускули обавезно, пример ако ти падне преден дел на надлактица да раскажуваш може да си прашан протегање на n.medianus, што инервира, да го покажеш кај е на кадаверот или од мускулите припои да им кажеш. Plexus brachialis и plexus lumbalis обавезно повтори ги за испит. Коски мислам дека никој го немаат прашано до сега на завршен.
     
    На Atticus, Jo Wilson, ElenaOfRivendell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Atticus

    Atticus Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2020
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Машки
    @floppy77 Фала ти. Инаку уште да прашам зглобови и лигаменти дали прашуваат?
     
    На floppy77 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. floppy77

    floppy77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    659
    Пол:
    Женски
    И тоа мислам никој не го прашува. Барем немам слушнато некој да е прашан зглобови или лигаменти :)
     
  10. Ilajla666

    Ilajla666 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2019
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    1.348
    Здраво
    На распоредот за испитна хемија се полага на 03.02 дали тогаш се полагаат колоквиумите па после ќе има датум за завршен , или на 03.02 е завршниот?
     
  11. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.169
    Допаѓања:
    5.386
    Пол:
    Женски
    Ако не сум грешка, мислам дека хемија полагавме усно по договор со професорот, така што, тој датум би требало да биде за колоквиуми.
     
    На floppy77 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    1.185
    Пол:
    Женски
    Ако може помош од студентите на медицински факултет...
    Имам нешто нејасно, ако некој сака да ми објасни ќе бидам благодарна :)
    Хаплоидни клетки се клетки кои што имаат еден сет на хромозоми. Диплоидни клетки се клетки кои што имаат два сета на хромозоми.
    Дали бебето има само диплоидни клетки?
    Дали како созрева човек, му остануваат само хромозоми според тоа каков пол е?
    Пример доколку е машко детето, дали кога ќе созрее веќе има само XY хромозоми?
     
  13. Geek^^

    Geek^^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2015
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Женски
    Соматските клетки сите се диплоидни, бебето има диплоидни клетки, само јајце клетките и сперматозоидите се хаплоидни. Не може човек да созрева и да губи или добива хромозоми. Бројот и типот на хромозом (Х или У) се одредува кога ќе се оплоди јајце клетката и така останува до крај на животот. Инаку во секоја клетка ќе ги има тие 46 хромозоми од кои последниот пар се секс хромозомите ХХ за женско или ХУ за машко.
     
    На Glowy, floppy77 и tel-ef им се допаѓа ова.
  14. NYC

    NYC Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2015
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Машки
    Хаплоиди (полови) клетки или гамети имаат по 23 хромозоми т.е еден сет од кои 22 се соматски хромозоми, а 23-от е полов хромозом (Х или Y). Диплоидите клетки се сите соматски клетки (пр. леукоцити, епителни клетки, мускулни клетки итн) тие имаат два сета хромозоми т.е 46 од кои 44 се соматски, а останатите два се полови (ХХ или ХY). Полот е детерминиран уште со самото зачнување (оплодување на јајната клетка). Важно! Јајните клетки имаат секогаш Х хромозом, додека сперматозоидите можат да имаат 22,Х или 22,Y сет хромозоми. Така што каков ќе биде полот зависи исклучиво од тоа каков сперматозоид ќе ја оплоди јајната клетка. Пр. Доколку јајна клетка (22,Х) е оплодена со сперматозоид со 22,Y хромозомски сет ќе се формира зигот со 46,ХY кариотип и плодот ќе биде момче. Еден регион од Y хромозомот е многу важен во понатамошниот развој на плодот во момче, се нарекува SRY регион. Инаку нормално дека бебето нема само диплоидни клетки, има и хаплоидни клетки кои остануваат инактивни во тестисите/овариумите додека детето не влезе во пубертет и започнат овие хаплоидни клетки преку мејоза 1 и 2 да се трансформираат до зрел сперматозоид или јајна клетка.
    Се надевам дека сега ќе ти стане појасно. Доколку имаш повторно нејаснотии слободно пиши. Поздрав
     
    На Sparki4, Glowy, floppy77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. NYC

    NYC Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2015
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Машки
    Edit: мала исправка околу делот со хаплоидни клетки кај бебиња. Клетките кои ги населуваат тестисите/овариумите зависно од полот се сперматогонии, односно оогонии соодветно и тие имаат 2n кариотип т.е се диплоидни клетки со 46 хромозоми. Потоа за време на пубертет влегуваат во мејоза 1 (редукциона делба кога хромозомскиот број се преполовува и се добиваат 23 двохроматидни хромозоми) и потоа мејоза 2 (од 23 двохроматидни се добиваат 23 еднохроматидни хромозоми). Заклучок кај плодот не се присутни хаплоидни клетки.
     
    На tel-ef и floppy77 им се допаѓа ова.
  16. Fluke18

    Fluke18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2017
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Здраво колеги,ве молам некои совети за како полесно да се научи хистологија навистина тешко ми иде?
     
  17. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.169
    Допаѓања:
    5.386
    Пол:
    Женски
    Гледај препарати на интернет, или евентуално од атлас, без тоа pointless е самиот предмет. Јас гледав на Histology guide, и мнооогу ми беше полесно, сѐ има на таа страна. :)
     
    На Lollipop_123, floppy77, Fluke18 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. jadore.paris99

    jadore.paris99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6
    Dali ke moze da spodelite iskustvo so polaganje biohemija 2 kaj prof. Bogdanska? Vi blagodaram
     
  19. baby1234567

    baby1234567 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2021
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Ako moze informacija od postarite kolegi, na primer ako ne se polozi nekoj kolokvium i sledstveno na toa nemame pravo da polagame ispit vo januari anatomija 1 ili histo 1, dali imame pravo da slushame i polagame kolokviumi i ispit vo junska sesija anatomija 2 i histo 2, i voedno vo junska da polagame i histo i anatomija 1?
     
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.342
    Пол:
    Женски
    @baby1234567 да, слушате се од втор семестар и имате право да полагате колоквиуми по тие предмети.
    За трет семестар имате веќе услови, за вториот само потписи по предметите да имате земено треба, друго немате услов.
     
    На baby1234567 му/ѝ се допаѓа ова.