Знае некој како се организирани изборните од катедрата по биохемија? Дали треба испит да се полага или само со семинарска се?
За секоја генерација е разл бројот на изборни во зависно од кредитите пример мојата генерација 2017 треба 5 изборни да имаме
Ги броев и јас баш во студентскиот информатор што ни го дадоа на прв ден, 5 се, вкупно си искачаат 360 кредити со 5 изборни, не ни требаат повеќе. А, кај програмата пред нас на интернет шо ја има, избројав 7 дека има кај нив. Значи сменето е за нашата програма веројатно.
Фала на сите. Дали некој чува презентации и друг материјал за Прва помош делот од катедрата по Хирургија?
Кои клетки/ткива најчесто ги даваат на микрофотографиите на практичниот хисто? И дали она најважното е само за пишување?
Ние физички кога полагавме на препарати, обавезно даваа некој епител, мускулни клетки (да препознаеш од каков мускул се), синцициумите на срцевиот мускул.. Коски и рскавици не замараа многу, ама најлесно е тоа и онака.
A ima sansa nekako da se prijavat i posle rokot, ako se javam naprimer vo studentski kje sakaat da mi zavrsat rabota?
Може некој да објасни како се пријавува комисиско полагање по некој предмет и кога се полага таквиот испит?