дали ако се падне практичниот дел хистологија ќе мора да се преполага целиот предмет во следна сесија?
Дали доколку не добиеш потпис по некој предмет дали се плаќа нешто казна да добиеш или го презапишуваш?
Дали за Анатомија3 за завршен треба да учиме за клиничкиве информации, пример што се добива при лезија на некој трактус или повреда на јадро и слично ?
Би требало да се презапише во наредниот семестар кога се слуша.За кој предмет прашуваш?Бидејќи до сега сите давале потписи, не правеле проблем. Колку што се сеќавам мислам дека не прашуваа за тој дел, ама за секој случај прочитај по една реченица.
Некој од постарите колеги да не полагал педијатрија кај проф. Стојка Фуштиќ ако може да сподели искуство каква е на усно и дали проф. од педијатрија пример ако она е ендокринолог ќе прашува само од нејзиниот дел или може да ме прашува прашања од другите предавања? (пр. кардио,хемато-онкологија,пулмо,гастро).
Од минатиот семестар кога имаше проблем со анкетите, во iknow за сите семестри до сега ми стојат 0 кај делот за анкети, ми ги снема бројките за сите пополнети анкети тогаш што ги имав... Да не ми прават некаков проблем за упис дека вака ми остана? Кај вас се среди тогаш или и кај вас остана исто? Или да пријавам проблем на iknow ако не.
Не сакам да бидам погрешно разбрана, но дали може вакви прашања да не поставувате овде во врска со дали се паѓаат или не се паѓаат прашања по било кој предмет? Сепак е форум, дечки, и професорите и асистентите читаат што пишувате/прашувате. Како што знаат да ги дадат истите прашања, така знаат и да ги сменат и на крај само полошо ќе си направите.
Официјално отворена е евалуацијата? Како да прочитав некаде дека ќе се прилагодувала за да не биде кликање за џабе или го средија тоа?
Онака прашував дека уште ми стои 0 кај анкетите од сите семестри, уште немам анкети пополнето за овој семестар.
И јас истото го напишав претходно па го избришаја постот. Самите си одмагаат со поставување на вакви прашања
Зависи кај кој проф. си ама како поминаа колегите на усно коа полагавме ние би кажала дека за повеќето не се, освен ако не ви ги смениле презентациите од нашите