А што се однесува до тежината на тестовите, каков тип на прашања се? На пример да наброиш јадра, да опишеш патиште, од тој тип или нешто друго?
И претходно други колеги пишаа, ако може да се воздржите од вакви прашања или поставивајте ги во приватна порака на некој од постарите колеги. Јавен форум е и верувајте многу го читаат и студенти и професори. Сами си одмагате.
Тестовите не се баш лесни, особено во тие на заокружување може да има деталчиња. Есејските кај мене беа океј. Не е дека не е возможно да се положи, далеку од тоа, ама сепак е анатомија, не може да биде лесно. Влезете во групата од трета година, имаа пишувано колеги искуства.
Многу е добра професорката. Општи прашања прашува и добри поени става. Не прашуваше од колоквиумите јас кога полагав, ама сакаше убаво да биде научен материјалот и конкретно да се одговори прашањето.
Дали во втор семестар прва година може да се одбере изборен предмет? Ако да, посоветувајте ме кој е без полагање по можност, најчесто со семинарска? Во документот за изборни од факултет ги видов за прва дека ги пишува: Комуникација и ком. вештини, Клиничка анатомија на стапало, Анатомски аспекти на дегенеративните промени на рбетен столб, Еволуциска генетика на човекот, Развојни гени во етиологијата на мултималформативни синдроми, Право и јавно здравство, Здравје на мигранти, Растројства на спиење и несоница.
Можеш но само овие болдираниве, дека за другите немате уште исполнето услоци, како и оценка и стратешко планирање на здравјето. Сите се со семинарска, освен расторјства, тој се полага
Сакам и јас нешто да прашам доколку знаеш може да ми одговориш. На почетокот на семестарот кај сите од прва година освен нашиве пријавени предмети задолжителни, од факултетот во iknow ни го ставија предметот растројства како изборен (иако не треба во прв семестар да се има изборен)..сега ни рекоа да не го пријавуваме нормално во сесија,па дали ќе се префрли автоматски во втор семестар или што ќе се случи со него?
Што се случува ако имаш запишано изборен предмет во iknow ама од катедрата ги нема никаде да го одржат, а веќе е крај на семестар? Може да се префрли автоматски за следниот семестар или не?
Мислам дека изборните предмети откако ќе ги пријавиш важат 3 сесии. Така да наредна сесија би требало да ти го даде пак да го пријавиш за полагање. Ако и по 3 сесии не го положиш, автоматски системот го отстранува.
Што да пријавиме за изборни кога сите изборни за прва година се зафатени? Колку изборни треба да имаме до крај на 6та год? Мора ли секоја година да се има изборен или може повеќе изборни во една година?
Ретко кој од нас успеал во прва година да земе изборен. Имате време до 6та, по 2 изборни во семестар може да се запишат, а и кога сакаш ти ќе си ги слушаш, не си обврзан во која година да ги слушаш. 5 ваљда треба до крај, не знаеме и ние сигурно, еден вика 5, друг 7, којзнае.