Вака прочитав на Студентарија, многумина се жалеле дека им правеле проблем зошто потврдата била за летен семестар а во индекс не им бил запишан летниот семестар, барам логика у ситуацијава
А може да им дадат потврда за редовно запишан летен семестар ако немаат запишано летен семестар во индекс? Како
Подлабоките, поголемите се гледаат, површинските ретко. Инаку не држевте вежби на леш, за да знаете што се гледа, а што не?
Здраво...Дали мораме да избереме изборен предмет или тоа е наша желба и какви придобивки имаме ако покрај задолжителните избереме и изборен предмет?
Не мораш овој семестар да избереш. Но, до 6та за дипломирање мораш да имаш ислушано изборни. Нема придобивки, едноставно за дипломирање ти требаат тие кредити од изборните за да имаш со се нив вкупно 360 ЕКТС кои се потребни за да завршиш факултет. Предвидени се во програмата.
Втор семестар ќе запишеш, ама предметот по кој не си добил потпис немаш право да го полагаш, а ако потписот од тој предмет е услов за некој друг предмет од втор семестар, не можеш условниот предмет да го запишеш.