МиФ поради неприсуство или делумно присуство на 3те online вежби од физиологија некои студенти треба да колоквираат пропуштена вежба, или да полагаат тест од вежбите доколку имаат 2 или 3 отсуства, па потпис ќе добијат само со успешно колоквирање/решавање тест. Дополнително, барем сега за сега погореспоменатите студенти немаат право на испит во јануарска сесија, доколку катедрата не се премисли во врска со ова, па да даде шанса на оние кои ќе колоквираат/положат тест. Можеби заради тоа прашуваат некои колеги дали ќе можат да запишат без потпис. Да, навистина требаше така, како што и направија некои катедри, или пак на последната вежба, пред Нова година и слично, вака сега се трча по катедрите во последен момент, а на сите ни требаат индексите..
Koi prof najcesto se pagjaat za ispit anatomija 1 pr sega ima i popravni kolokviumi i ispiti vo eden den koj bi mozelo da bidat za ispit ?
Некој да сподели искуство со онлајн полагање завршен испит од миф-физиологија на клетка? Колку време даваат, колку и какви прашања, дали се стига да се реши ?
Од цитоархитектоника на кората на голем мозок, дали е доволно да се знаат броевите на побитните полиња или можно е да прашаат и од овие што се само наброени каде се наоѓаат?
Дечки, дали уште ви покажува 0 пополнети анкети во iknow за сите семестри и покрај пополнети анкети? Дали ќе ни прават проблем од деканат заради ова бидејќи стварно е грешка до нив нешто на пополнети анкети покажува како ништо да немаме пополнето...
Јас сум постара генерација, не знам сега како се полага. Ние влечевме прашања на усното, проф ги прашува најбитните работи. Евентуално соодноси на нерви и артерии за покрупните работи. Супер професорка. Ако е научено става солидни бодови.
Кога обично ви ставале потпис англиски и медицинска психологија? Катедрите се слабо организирани, не враќаат ни на пораки, а уште малку ќе дојде крајниот рок за упис на семестар
Можете и без потписи примаат во деканат. Англиски воопшто не се организирани, а психологија се особено секретарката е преорганизирана
А нели ќе ги подобруваа анкетите? Пак се' е исто, кај мене за некои предмети не ми дава опција ни да изберам професор ни оценка да ставам.
Тоа го викаат секој семестар. Само пополни ги опциите што ти ги дава, колку формално да ја имаш при упис
Исто секоја година, ќе биди реално, ќе се подобри, нели беше најавено за овај семестар и ништо пак си остана исто
Зад интерна, ако знаеш каде се амбулантите на интерна? Од лева страна има едно патче одиш по него и стигнуваш до еден објект каде што се наоѓа амфитеатарот