Статистика катедрата ако знаеш каде е, каде што се држеа вежби вовед, писхологија англиски, со друго име е и студентски сојуз, тоа е еден објект мала бела куќичка. Амфитеатарот е од задната страна
искуство кај проф. пановски за микро 2 некој? Дали испрашува од цела книга или повеќе само од делот за завршен испит?
Јас полагав кај него. Многу добар професор. Прашува од завршен испит само, по еден претставник од валчести,плоснати црви, протозои ... (Веќе ги иам заборавено темите од завршен). Не прашува од делот за колоквиум. Ама ги бара сите вежби од практикум, не само тие за завршен. *Сите вежби предвидени за микро2 да не се разбереме погрешно пошто е еден практикум за 1 и 2. **сметај положена си
Во iKnow може да се пријави летен семестар уште сега, без разлика дали сме оставиле документи во деканат, така? Треба само да го испочитуваме рокот до 11 феб за носење на соодветните документи во деканат, без разлика кога сме внеле летен во iknow?
Мора да имаш запишано во iknow пред да носиш документи, а кога си го направила тоа нема врска дали пред 1 недела или сега
Јас имам полагано кај него, одамна. И тогаш прашуваше само од завршен делот, плус практикум. Коректен е ама сака тоа што ќе те праша да го знаеш и потпрашува ако нешто пропуштиш а смета дека е важно , секоја реченица ја знае во учебникот .
Се има некој запишано без потписи? Слабо има известување за потписиве, па да знам дали да одам да се запишам или да чекам последен момент
Имаше нешто од која генерација почнуваат 7 изборни, ние имавме 5, јас на последен испит кога положив трудова уште немав со изборни завршено, па ја замолив проф Стикова кај нејзе изборниот дали може. Може и лично кај професорот да појдеш да замолиш за изборен ама тоа понатака 5та,6та
Некој што има полагано микро 2 кај проф. Каќа, ако може да сподели искуство и дали прашува од колоквиуми?
Кај се оставаат документите за упис или се чека ред пак? И дали може порано од 12:30 или само од 12:30-14:30?