Микро 1 тие што положија сесијава немаат оценки, а не микро 2 што немаат сите полагано. Очекувај на крај на сесија или после сесија.
Се случило ли до сега да се забрани полагање на испит во сесија? Според мене премногу некоректно од катедра по физиологија заради отсуство од една вежба, со уредно колоквирање и потпис, да чекам полагање дури во јуни. Координаторите тотално неажурни. Каде може да се обратиме како генерација, и дали воопшто постои законски основ за вакво понашање од професорите.Катастрофа...
А да си ја признаете грешката? Некоректно од катедрата, а од ваша страна не е? Прва година, а на онлајн вежби не се уклучувате каде не ве ни читаат и ниту мора да слушате. Се знае дека вежбите се задолжителни. Барем тимсот уклучете го. Катедрата можеше и да не ви дозволи колоквирање, па да не добиете потпис и да не можете воопшто годинава да полагате, ама сепак испаднаа донекаде фер и дозволија колоквирање (имаа право и да не дозволат) и ќе ви дадат потпис, само како казна ве следува неполагање сесијава, за да ја научите грешката (нема шанса за вакви грешки да не поминете неказнети, особено од катедра како физиологија). Неполагање една сесија е ништо во споредба со тоа да не можете да полагате цела година и в година да презапишете миф. Не ви се неажурни координаторите, вие сте биле неажурни. Во вакви ситуации координаторите ништо не можат да направат бидејќи катедрите никагш не попуштаат. Каде и да се обратитре нема да имате позитивен исход, само поголем проблем со катедрата ќе си направите, а не е паметно да се има проблем со катедра која има три важни условни предмети. Ќе си ги сносите последиците од вашите постапки
Колешке, цела почит за мислењето меѓутоа не можам да кажам дека се согласувам. Значи и да речеме дека е точно еве сме згрешиле, не сме се вклучиле, како прво не може да се стават во ист кош студенти што не се вклучиле на само една од 6 вежби (вклучувајќи и дел морфологија кои беа со физичко присуство) и студенти кои не се вклучиле на ни една. Второ, по секој предмет после колоквирање на вежбата се стекнува потпис и се полага, затоа се чудам од каде ова правило заради едно отсуство (кое може да е оправдано со болест, смртен случај не дај Боже - и сигурно постојат студенти кои оправдано отсуствувале) да се преземаат вакви мерки. Трето, ако веќе се толку драстични од катедрата и се сметаат за волку битни, вежбите требало да бидат со физичко присуство, како што беа по 4 други предмети. Прва година сме, некој згрешил намерно, некој ненамерно, тотално сум убедена дека ова е неправилен и нефер потег. Како и да е гледам дека во државава секој може да си измислува правила и да си ги спроведува, не постои пишана регулација за ништо и нема да губам веќе време за објаснување. А и допрва ќе има вакви случки с со вакви студенти што не преземаат ништо и ги оправдуваат професорите. Тоа манијаци имало професори па сите се плашеле да ги пријават, па за физиологија пф. Тагувај Македонијо
Јас сум прва година, меѓутоа искрено се согласувам со погоре напишаново. Вежбите беа онлајн, ништо не нѐ кошта да се вклучиме. Секако, кај некои можеби има оправдана причина за отсуство и тоа си е сосема друга работа, но кај оние кои причината е дека ги мрзело да се вклучат и мислеле дека никој не гледа кој е присутен-неосновано е да се бунат. Ова е факултет, не е веќе средно па да се прогледува низ прсти, секој си одговара и си сноси последици за своите постапки. Плус, заради невклучувањето на одредени, за малку ќе требаше сите да полагаме тест од вежби, и тие што сме се вклучиле и сме слушале и одговарале во текот на вежбите. Катедрата беше фер и им излезе во пресрет на оние кои си биле редовни да си полагаат редовно без дополнителни тестови. Неполагањето една сесија не е страшно, и онака некои си одбираат некои предмети да ги остават за понатака. Барем од оваа “грешка” ќе се научат сите на ред и ќе се потврди дека мора да се присуствува на вежбите, без разлика дали се онлајн или со присуство. Бунењето за одлуката на Катедрата (која реално е легитимна и основана одлука) можеби би повлекло повеќе проблеми кои би можеле да имаат влијание на целата генерација, вклучувајќи ги и другите студенти кои си биле редовни и си ги исполнувале обврските кон предметот, а тоа е тотално непотребно и неосновано.
Ве разбирам јас сите убаво, само вие не ни пробувате да ме разберете. Ќе ме разбереш само ако во наредниве 6 години оправдано ќе отуствуваш од вежба и ќе колоквираш со сите бодови ама ќе чекаш 6 месеци за да полагаш. Не му го посакувам на никој ова, ама со овие катедри и студенти гледам дека е доста возможно да се случува често.
Реално, нема шанси преку 180 студенти, да не се уклучиле на вежбите од оправдани причини. Крај краева онлајн е, на mute може да се стави, никој не е присилен да слуша. А и доколку некој стварно имал валидна причина за да не се уклучи, верувам дека катедрата би му излегла во пресрет, доколку би била известена навремено. Нема оправдување, ова е факултет, а не средно, уште многу пати ќе бидете “обесправени”, дури и нормално ќе ви стане тоа. И не е крај на светот што ќе мора да го полагате физио делот во Јуни, не е страшно ништо, голем број студенти и свесно оставаат предмети за Јуни. Не е тежок предметот, ќе го положите сигурно, секако, доколку научите.
Оправдано отсуство е друго, кажав и погоре, сигурно би се излегло во пресрет во таков случај, ама кај повеќе од пола студенти што го слушаат предметот, а отсуствувале сигурно не било оправдано. Те разбирам што си револтирана, секој би бил во таков случај, меѓутоа треба да бидеме свесни за последиците кои следуваат од некои постапки. И онака студенти сами бираат дека предмети кои ќе ги полагаат понатака, не е толку страшно, не е тежок којзнае колку материјалот, ќе си научите убаво и ќе си положите со супер поени тогаш.
За една вежба што не си се уклучила ве казнуват и згора на се сте ја колоквирале? Не е во ред некој да биди казнет за една вежба, на секој можи се да му се случи, мене на сред испит струја ми снема. Дајте не критикувајте оти по секој предмет се дозволени 2 минуси, па и ние сме луѓе, не сме машини вклучи и терај. Онлине е, можи се да се случи, не ја претервајте. Вие кажувате како секогаш да сте биле присутни на сите вежби така? Не сте биле болни, не сте заменвале, бидете реални малку. За критикување сите знајме
Девојче и ние оправдано сме биле отсутни, ама пред или веднаш по отсуството сме известиле асистент, сме побарале замена, сме колоквирале. Се тоа се случувало во краток временски период до пропуштената вежба. За навремено известување за отсуство никој не прави проблем.
Да, дефинитивно, интернет може на секој да падне, или нешто полошо да се случи, немил настан, болест и слично, тоа се оправдани ситуации за кои се известува и реагира, за оправдани ситуации треба да се има предвид и да не бидат казнети тие личности. Но, сигурно не биле оправдани причини кај 180 луѓе, тие кои од незамарање не се уклучиле, тие треба да си сносат последици. Тие се оние кои направиле проблем и кај оправданите за жал
Ама сепак ако на тие 180 им е еден минус во ред е, ете колоквирале. Значи си ја надоместиле вежбата, знаете колку колеги секојдневно пред пандемијата си заменваја вежби, па се гужвавме по многу студенти и никој не реагираше, ниту пак имаше оправдана причина зошто заменуваат, едноставно во еден ден да оддржат вежби по повеќе предмети за да се другите деној слободни. Толку строгост со казна да пропуштиш сесија не ми е сватливо ете можи грешам ама тоа е мое мислење
Да, за една вежба и не треба да се воведе забрана, по успешно колоквирање нека добијат друг термин за полагање или истиот сеедно, меѓутоа повеќето од оние кои не се здобиле со право на полагање се со едно или ниедно присуство и нивното незадоволство од одлуката, посебнпо тие со три отсуства, е малку нефер, според мене. Повторно ќе кажам, не мислам за оние кои оправдано отсуствувале.
Сакав да прашам дали доколку немаме потпис по миф а следствено со тоа и вовед во генетика, ќе можеме да запишеме втора година или па ќе треба да се квадрира?