Uplativ 1050 na uplatnica vkupno Tolku stoese vo konkursot tolku i na fakultet me prasaa dali sum uplatila Prijava za da potpolnam so osnovni podatoci za obrazovanie mi dadoa tie tamu.
Јас еве се водев според линкот: - Потврда за уплатени 300 денари на жиро сметка на Медицинскиот факултет. оволку треба да уплатам, тоа за на УКИМ, како што знам. Да не е повеќе за кај вас?
@joy1 Има нешто линк од тој универзитет? Како што знам скоро за сите факултети кај што нема приемен испит се плаќа 300ден. е сега може има разлика ако си вонредно м?
@joy1 Кај вас е Потврда за уплатени: а) 1050 денари на жиро-сметката на Универзитетот: на име на административни трошоци тоа мене ме збуни.
Се разбравме сега, ја мислев дека и јас треба да доплаќам нешто. Туку, @Molec Ти на која сметка уплати? Ја еве гледам два линка тука од мед. фак. и на двата има две различни сметки... Се андевам нема да ми прават проблем утре. :/
Не уплатив...Баш кога ја потполнував уплатницата забележав дека приходните шифри се различни и не знаев која е точна дали 723012 41 или 723119 41......Се надевам дека утре ќе има готови уплатници само личните податоци да ги додадеш :/
Ајде бидна моето, ако ми направат проблем ке им кажам што како, па ако треба пак ке уплатам или ке ги пребацам парите од една на др сметка ако е возможно тоа. Бидна ете, сакав денес да уплатам за да не губам време утре, ке биде огромна гужва.
Сигурно ќе има премноооогу заинтересирани како што е и за општа проширена квотата... Него, од колку до колку саат може да се поднесат документите на мед. фак. ?
Сите факултети си бараат учење. Ако тргнуваш со помислата "леле што ќе направам ако паднам", па нема ништо да направиш. Не треба да се плашиш од паѓање. На секого може да се случи има најразлични ситуации, живот е, се се случува. Ама исто така има и сесии, ако паднеш нешто преку година имаш јунска и септемвриска сесија да си поправиш работа пред да ти почнат новите предмети и полагања од наредната година. Факултет е, бара студирање она што повеќето го мешаат со чистење испити и поминување колку да го имаш положено предметот. Учи го за да го знаеш. Особено кога стурката ти е поврзана со медицина и нечии живот ќе зависи од тебе во иднина - без разлика дали ќе работиш како доктор, логопед, физиотерапевт, сестра или радиолог. Сите треба да си ја вршат работата како што треба, особено кога е поврзана со пациенти.
А државниот испит вистина е дека е тежок и дека се полага во 2ра и во 4та година на општа, а кај тригодишните во 2ра??
Јас сум на тригодишни за физиотерапевт и колку што знам за нас, тригодишните, нема државен испит. А за општа мислам дека треба да полагаат. Нека каже некоја феминка од општа за најсигурно.
Тригодишните студии немаат никаков државен испит, истиот е донесен како измена во законот за медицински студии, и ја опфаќа само општа медицина. Се полага во два дела, еден по завршување на втора година (со што ако не го положиш немаш право да запишеш трета), и вториот дел не е после четврта година, туку е по завршување на сите шест години студирање. Ако те интересира нешто повеќе, законот во целост можеш да го прочиташ овде.
Документи предадени. ) Патем имаше доста што одеа за физиотерапевт. @aleks10 како што сум запознаена дека скоро на сите овие што се 3годишни примаат и со помали поени, е сега не под 40 сигурно
Дечки имам брат кој конкурираше во штип за стоматологија ама не е сигурен дека ке го примат голема конкуренција е и сака и во Скопје да проба за мед сестри Дали може со заверени сведителства и диплома ( кај нотар) како копија на оригиналот или само оригинал документи примаат?
Во втор уписен рок обично во Скопје има само за радиолози или логопеди слободни места и тоа минимално :/ Да не утне, па на двете места да не може