Секако, и јас то го мислам, тие што испуштиле една вежба, а ја колоквирале успешно да имаат право да полагаат во сесија
@med@girl исто би ти пишала и јас како @Geek^^. Предобра професорка е, еден од најубавите испити ми беше кај неа. Со среќа на полагање.
Да бидете известени? Онлајн вежби = небитни вежби? Како тоа мислевте предавања се? Сериозен си со изговориве? Се знаат основните правила на факултетов, вежбите се задолжителни, дали онлајн, со физичко нема врска. Секоја катедра има право да води евиденција за присуство, без разлика дали ќе ви кажат или не. Тоа дали ќе слушаш или само вклучен ќе седиш во реалност не менува многу, ама очигледно дека на катедрата и менува што голем дел од генерацијата не слушале вежби. Казната е строга, за тоа нема збор, особено за оние кои не биле на само една вежба, а тие не се голем број на студенти, за разлика од бројот на студенти што не биле на ниту една или само на една вежба. Можело барем за студентите кои не биле на една вежба да се дозволи полагање. Физиологија се, специфични се малку и особено тие не оставаат вакви грешки на студенти да поминат не санкционирани.
За усното радиологија од каде се спремате? Презентации и српската книга комбинирано, само презентациите или? Постари колеги што имаат положено да споделат искуство некое?
Колега бре. Како имаш ваков став? Вежбите мораш да ги слушаш, дали се online или со физичко присуство, задолжителни се. Јас тука ги бранам оние кои заради едно отсуство не можат да полагаат, а вас со ваков став ќе ви кажам дека сте дојдени на медицина, не е ова поќе средно, дај заозбили се, како не сте следеле вежби? Да беа со физичко пак немаше да одите?
Неможам да се уклучам во iknow и покрај менување на лозинката и се,дали можеби е поврзано со уплатата и запишување со семестар?
Нема врска, не е до тоа. Или системот е паднат или нешто си утнала лозинка при менување. На многу така им прави од телефон. Пробај од лаптоп, смени пак лозинка. Ако нејќе денес, утре пробај, може само е паднат системот нешто...
Дали на практичниот испит по Антомија 3 бараат да покажуваме на леш, мозок и слично? Или доволно е само теоријата?
Мене лани ми бараше професорката и на леш, не во детали, ама да ја покажам регијата, граници, некои побитни елементи ако се гледаат..
На леш бараат да ја покажеш регијата и да препознаеш по некој битен елемент.Не е толку страшно ама сепак најбитните структури треба да се знаат да се видат. Како мислиш сте мислеле дека се предавања? Јас ја поддржав колешката горе што рече дека заради едно отсуство не може да полага, ама ова твоево е смешно. Од прв ден се знае што се вежби а што предавања, втора година сте ваљда до сега требало малку да ви се разјаснат некои работи. Не ве прозиваа на секоја вежба?Зашто нас и 1 и 2 секој пат нѐ прозиваа.
Само од 12:30 до 14:30 ли трае заверката на семестар или цел ден е? Бил ли некој до сега на заверка, во колку може да се отиде?
Кај неа јас падната бев, а решено имав за положување и тоа за со високи поени. Изгледа рандом паѓаат, за да не се сите положени. Инаку не отидов на увид, не бев во Скопје, ама од колеги што ми кажуваа, само им рекла “немате доволно напишано”. Ама мој совет, е сепак да појдеш, немаш што да изгубиш.
И мене ова ме интересира. Прашав вчера во темава ама никој не пиша, изгледа малку се имаат упишано уште... А баш ми треба информацијава за утре. Ако дознаеш вечерва случајно од некој пиши ми те молам и мене во порака или тука.