Секој може да се погоди, физио пример еден проф може и во 8 да испрашува и во 11. Екг оската сите ја бараат и некој елемент, дали одредување фрекфенција, дали параметри, дали некој елемент, зависи што ќе прашаат, нема дел што воопшто не го прашуваат од екг. Да се праѓаат крв, тие тестовите од последните вежби, од респираторен, од квс, роданиди во плунка, буквално секоја вежба може да се извлече.
Да, можеш да се префрлиш, истите предмети ги имаат и учат ист материјал, тие ќе ти се признаат во Скопје. Можеби дел од некој предмет треба да дополагаш ако одлучи комисијата, инаку останатото сѐ се признава.
Jas se imam prefrleno (ne od Bg) ama na pocetok na godina i se mi priznaa polozeno do togash. Vo dekanat prasaj si se kje ti kazat.
Здраво, да ве прашам тие што сте го поминале осми семестар, гинекологија, хирургија, онкологија од каде се учи? Благодарам однапред
Дали за да ти стават оценка треба да го имаш пријавено предметот? Имам некои предмети почожени пред 2-3сесии ама имав проблем со индексот и не бев во можност да ги однесам кога требаше..Дали сега ќе ми прават проблем дека не се електронски пројавени оваа сесија? Некој ми спомна дека ако сакаш оценка иако ти е положен предметот мора да го пријавиш за во сесија за да ти стават оценка
Ако имаш оценка во iknow нема потреба да го пријавуваш, ако немаш за да можат да ти ја внесат треба да го пријавиш, но некои катедри и без пријавување успеаваат да внесат
Здраво! Јас не положив Анатомија 1, и не знам дали да учам за Анатомија 2. Некој ме вели да, некојне. Не знам што да правам. HELP!!!
Ќе учиш, ќе полагаш колоквиуми, за да си олесниш кога ќе положиш анатомија 1, полесно ќе ти биди да го спремаш кога имаш читано, лоши совети то даваат, немој да ги слушаш
Кој дава вакви совети? Ќе учиш, ако не положи анатомија 1 не значи дека втор семестар скроз треба да го оставиш, напротив уште повеќе да се вложиш да положиш се што можеш за да си олесниш за јуни и август. Со положени колоквиуми анатомија 2 многу ќе си олесниш, плус анатомија 1 полесно ќе ја спремаш на веќе учен материјал, во јуни заврши со анатомија 1, па ако можеш полагај и завршен анатомија 2. Цел семестар со колоквиумски за новите предмети и две сесии се пред тебе, ништо не е изгубено.
Дали можам сега да запишам семестар ако претходниот не ми е запишан или мора да чекам другата година ? Вонреден студент сум.
Дали некој знае како се одвиваат изборните предмети „Липопротеини - ризик фактор за развој на атеросклероза“ и „Оценка на здравје и стратешко планирање за здравје во заедницата“?
За стратешко се правеше групно семинарска, е сега не знам дали се презентира, ние требаше да презентираме ама тоа не се случи.
Здраво ќе може ли некој да ми објасни околу трошоците на УГД за заверка на непарен и упис на парен семестар апсолвентски стаж.Дали ќе треба да уплаќам кредити за предметите како заостанати обврски?.Лани ја запишав трета уплатив партиципации но не полагав ниеден предмет скоро го реактивирав ама само платив реактивација.
од каде да ја земам уплатницата за втор семестар? ги има во деканат ? или треба од банка па да ја пополнам јас (ако е така, дали може некој да ми покаже како треба да биде пополнета)
Сама ја пополнуваш. Исто како кога си запишала 1 семестар така треба и сега. Веќе запишав семестар и ја дадов на факс, инаку ќе ти ја сликав уплатницата...