Дали денес и друг имаше проблем со најава на iknow? Ми пишува дека треба да ја менам лозинката, пишам recovery mail ама ништо не ми стигнува на мејлот и не можам да влезам да запишам семестар. Истово и на уште една колешка и се случува денес. А вчера најнормално ми се отвори.
На клиниката за педијатрија, во пониската зграда. Кога ќе влезеш во пониската зграда, лево по скалите до крај и од лева страна е амфитеатарот.
Дечки, на листовиве за заверка и запишување семестар, во делот фонд на часови треба да ги напишеме овие од курикулумот, како во индекс- http://medf.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2019/01/Корикулум-ОМ-2017-18.pdf , или она кај секоја предметна програма што е посебно заведено како вкупно расположливо време (пример за генетика тоа е 150, а фонд на часови во курикулум е 60)? Бидејќи некои кажуваат како во курикулум, а координаторите во примерите напишале со поголемиве бројки кои се вкупно расположливо време
Благодарам многу. Ептен ме збунија координаториве со бројките, по 200 часа, а во курикулум друго си пишува, се исплашив дека грешно сум пополнила, а немам резервни документи. Thanks a lot уште еднаш.
Значи да си оставам како на линков, да не шкртам со расположливо време, чим вие така пишувате подолго време и нема проблем. Благодарам многу уште еднаш.
Извинете пак што ви сметам, проблем ли е ако на листовите за упис и заверка и на уплатницата пишува пример 08.02 а ги однесеме на 09.02 поради тоа што индексите нема да бидат готови од катедра да се земат за да се однесат на 08.02?
за прва година...неположени предмети треба да се запишат?..имам предмети за кои тек ќе полагам а планирам денеска да уплатам и да ги оставам образците. што да правам ?
Здраво, гинекологија имаат книга (искрено според мене книгата е доста застарена, дефф обрни внимание на презентациите). Колок гинеко за нас беа онлине со камера, сега не знам за вас ама не се тешки прашањата. Хирургија има книга амаа подобро од през учи. Онко има материјал од професорката (ги прикачува на каналот на теамс).
Дали е проблем ако сега не вратам книги во библиотека, овај семестар ги зедов, ама не знам дали ќе стигнам да ги вратам.