Здраво , јас треба да запишам 6ти семестар но не фаќам услов да слушам предмети од 6ти туку слушам од 2 семестар .. Дали знаете дали ќе треба да платам за семестар ??? Исто кои теми треба да се учат за физио 2 прв колоквиум ??
Микробиологија и паразитологија 1 е книгата. За практикумот лани бараа оригинал, ама после никој не ни го бараше за потпис.
Редовен студент расположен за комуникација околу медицински факултет и искуства би ми бил од помош околу одлуката за да запишам наредна година. Би бил среќен доколку некој ми пише Фала однапред
Зависи од конкуренцијата, годинава во приватна имаше и со 99, последните примени на ОМ во приватна беа со 97, нешто
Последниве години е голема конкуренцијата над 97 поени треба, ако немаш толку поарно да не ризикуваш и да се запишиш во Штип затоа што и таму почна да се пополнува квота во прв уписен рок
@Demon11 совет од мене по рангирањата од последнава година, ако немаш над 97 бода севкупно подобро не ни пробувај во Скопје, затоа што секаде одма се полнат квотите уште во прв рок. Последен во државна квота имаше 99,233, а во приватна 97,45 мислам беше, може за некоја децимала погоре или подоле. Зависи и од тоа колкав број студенти се примаат, нашата генерација беше 70 во државна а 130 во приватна и не верувам дека ќе биде нешто сменето и за следната. И залудно е ако имаш повеќе предмети на матура, залудно се и дипломите од натпревари итн, имаат функција само ако имаш исти поени соо некој. Во главно добро размисли, да не те демотивирам ама тоа е вистината за жал. Веќе кога ќе размислиш, подобро во Штип од прв пат може да бидеш државна, па и со стипендија уште во прв рок, отколку никаде, нели?