Во студентскиот информатор за 2021ва пишува 6 сесии дека важи (можеш да видиш на страната на медф го има тој информатор и за сите предмети таму пишува колку сесии се). Инаку така ги дава предметите, сите предмети после 3 сесии во iknow, самиот систем така ги покажува, мене лани пример генетика така ми стоеше, па не го презапишав зошто беше исто 6 сесии потписот, а мене само 3 ми беа поминати, тргни го само предметот.
Фала ти, малку се вознемирив заради тоа што веќе го запишав семестарот а не ми текна да прашам навреме за предметот.
http://medf.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2018/06/3090_565237979.jpg Ova e na stranata na fakultetot
Ме интересира дали за психијатрија прво треба да се запишеш на медицина и после тоа доаѓа како специјализација?
фала ви многу за одговорите мислев дека ќе има такви предмети каков што е миф и биофизика ( како 2 колоквиуми се миф и биофизика, секако вие знаете и поубаво..)
Како се полага прва медицинска помош во втор семестар, на испит директно? И каков тип на прашања се даваат?
Ама и тие имаат полагања во испитна. Така да "вториот колоквиум" на некој начин се смета уствари за завршен испит. Во колоквиумски не може цел предмет да се положи, мора да чекаш испитна сесија, тоа беше муабетот. Пред некоја година да, во испитна само полагавме еден испит и на заокружување беа прашањата, лесно беше. Но, често има промени по предметите така да, да не те излажам, дали сега уште е исто вака не знам.
Убаво ти пиша Дрим, што ако е со два колоквиуми, кога вториот колоквиум го полагаш во сесија, пак предметот го завршуваш со полагање во сесија, а не во колоквиумска. А во втор семестар немаш ни такви предмети Анатомија 2 е исто како анатомија 1 Хемија се 2 колоквиуми во колоквиумска, практично и усно во сесија Хистологија се 2 колоквиуми и 2 практилни во колоквиумска, завршен и практично во сесија Генетика се 2 колоквиуми во колоквиумски, усно и практично во сесија Промоција колоквиум е во колоквиумска, завршен во сесија Етика е само едно полагање, зависи дали во сесија или колоквиумска ќе полагате Прва помош едно полагање само во сесија Директно во сесија, два теста, еден анестезија, еден хирургија делот, од секој посебно треба да имаш минимум за да положиш. Се учи од презентации и книгата (40тина страни), прашања на заокружување и се положува
Проф.Лена на првото предавање кажа исто дека се 2 колоквиуми со практично и после завршен со практично..е сега на распоредот што пишува 3 може и да е грешка па да го регулираат
Книгата за медицинска хемија дали ја има во пдф? Исто така дали има некоја читална во склоп на факултетот каде што може да се учи? Ако да дали треба да се плати некаде или со индекс треба?