Па зависи кој професор ќе ги прави прашањата. За колоквиуми е различен, во сесија различен барем така беше порано. Има со заокружување, поврзување...
Што книги/скрипти треба да се купат за Хирургија, Гинекологија, Онкологија, Кл. Фарма и Кл. Биохемија за семестаров?
Само кл. Биохемија имаат скрипта од катедрата, другото со матријалите се катастрофа, ништо немаат салам матријал од кај треба да се учи, ниту препорачана литература, ништоо. Кл фарма, презентации, тоа е стандард кај нив. Гинекологија има една скрипта од катедрата на 4 дела што е. Хирургија исто има скрипти од професорите демек напишана, а уствари им е матријал преведен од интернет и за учење е катастрофа. Онкологија и тоа праќаа пдф матријали во делови. Работава е снајди се како знаеш. Не верувам дека има друг ваков факултет медицински, со толку несериозен пристап од страна на катедрите,професорите, доценти, асистенти кои само се чукаат во гради дека нешто работат, а една книга немаат напишано, тоа е се што треба да знаете колку вреди факултетов.
Се согласувам во целост. Пример абдоменална хирургија сме имале само две предавања до сега, а полагаме за две недели. За материјал учете од Сабистон (книга што ја користат специјализанти плус не секој од нас од општа има аспирација да стане хирург тоа е факт). Многу неорганизирано. До сега единствено имам пофалба за катедрата по Онкологија, навистина се ажурни, веднаш прикачија и материјали за учење и предавања.
Абдоминална хирургија има една прастара книга од Прпич и за жал тоа не е доволно, па би ви препорачал да дополнувате со презентации, видеа од интернет и евентуално Сабистон. Не знам како да ви кажам ама Сабистон е еден тип на референтна книга, да земиш да ја учиш надолго-нашироко нема смисла. Исто, би ве советувал да гледате прашања пред полагање, бидејќи на колоквиумите се губат многу поени за џабе, вие учете си за да си знаете + за завршен усен испит.
Дали Микро 1 е доволно да се учи од книга? Сега забележав во презентациите и предавањата има многу работи што изгледаат битни а ги нема во книгата... Искуство??
Дали некој знае страна од каде можам да симнам книга или скрипта за медицински факултет? Фала однапред
Kolegi koga se polaga prakticniot kolokvium biohemija 2 i dali sega vo prvata kolokviumska se polaga samo kolokvium I?