Во врска со првиот колоквиум по Биохемија 2, дали треба да се учат формулите и реакциите да се пишуваат? Или доволно е името само и ензимите и што како и каде се метаболизира? (Пример за а.к да знаеме патот на циклусот ензими и слично или и формулите на соединенијата?) Ви благодарам.
Формули и реакции не, реакциите пример само теорија дека од ова и ова со ензимот тој и тој, се добива тоа, мислам ме разбра
Случајно некој да не знае дали ја има некаде Брза интерпретација на ЕКГ од дејл дубин да ја купам на македонски?
здраво дечки, некој ако има време и ако знае...ме занима нешто у последно време, секако е многу рано но само прашувам... Како функционираат специјализации во државава? дали јас плаќам? дали добивам плата (колкава е во просек) дали е прекомпетитивно? што значи приватна специјализација?
Мислам дека си прва година по тоа што пишување претходно и мислам дека ти е прерано да се занимаваш со овие работи.Гледај си ги актуелните приоритети рано е за специјализации,дали ќе земаш плата и сл.Ништо не ми е злонамерно со репликава.
Во индекс ако немаме земено оценка, а имаме однесено пријава и оценка во ајноу ставена, мора ли да се зима и оцена во индекс после или? До сега се сум земала и во индекс оценки ама во јануарска шо положив, нема никаква информација за индекси кога да се носат по тие предмети, а летото индексот ќе ми треба за други полагања, па не верувам дека ќе постигнам секаде да успеам да земам оценка во индекс. Да не ги поништуваат по некое време оценките ако не ги земеме во индекс или не би требало чим ја има во iknow оцената?
да, секако, знам дека е прерано ама онака ме занимаше бидејќи не можам некаде да најдам текст каде што е убаво објаснето.. фала ти секако.
Ако ја има во iknow нема да ти ја поништат, ама можеш да прашаш по предметите по кои немаш оценка дали можеш сега да земеш или кога ќе можеш да земеш најрано
На кој начин се одвива првиот колоквиум Хигиена (дали е писмено или усно) и од каде треба да се учи? (некаде прочитав дека презентациите се доволни, па би ви била благодарна ако ми дадете совети).
бидејќи убаво го постави прашањето мислам дека заслужува и конкретен одговор без разлика што е прерано, нели колешки? Специјализациите се делат на државни и приватни. Државна спец. значи да си веќе вработена како матичен лекар во државна институција и на одреден конкурс да ти биде доделена спец. која клиниката каде што работиш ти ја плаќа. Платите се движата помеѓу 500-700 евра што според мене е премалку за специјализант со оглед на целиот труд и работно време (40-50+ часа неделно). Покрај ова, откога ќе специјализираш должна си да не ја напуштиш таа клиника во наредните десетина години не ме држи за збор. Според мене ваков лихварски систем од државата е смешен и треба да се смени инстантно, а да не зборам и дека општо државните спец. се претежно резервирани за докторските деца. Втората опција ти е приватна, во превод рекет од 15-20 илјади евра за кои како реверс добиваш смешни 24,000 денари плата месечно. Секако во меѓувреме можеш да работиш и настрана од специјализацијата меѓутоа целото тоа ќе биде максимално исцрпувачки со уште повеќе работни часови од државната специјализација. Се на се системот за специјализирање во земјава е многу погрешен за разлика од други земји каде што постојат многу подобри услови, причина зашто мнозинството млади лекари се иселуваат. Како и да е не може сите да се иселиме и затоа те охрабрувам да гледаш позитивно и да се надеваме дека додека да стигнеш до 6та година работите ќе се сменат на подобро. Ти посакувам многу успеси во иднина