Прв колоквиум се презентациите од проф. Петличковски, а втор колоквиум е книгата од проф. Кочова. Практично се двата практикуми, а завршен усно цела теорија. Предметот не е тежок само бара време.
Здраво, би сакала наредната година да се запишам на Медицински факултет во Скопје, но ми треба мала помош од вас. Не сум матурантка сега, 1 година постара сум, не живеам во Македонија, па би сакала првата година да ја запишам вонредно ако може и потоа од втора да си почнам нормално. Дали има некој искуство со вакво студирање, како со вежбите во првиот семестар дали се обавезни и дали може да ми даде некој повече информации ако има студирано на овој начин?
Дали по завршувањето на летниот семестар има слободно време до јунска сесисија или започнува веднаш??
Dali ja imate klinicka anatomija 6-to izdanie vo pdf i dali bi mi ja dale isto i komunikaciski vestini po klinickata praksa od seturman
Здраво,дали некој може да ми даде насоки како треба да се учи биохемија 2 за испит, дали треба реакциите да се учат или само на препознавање, бидејќи за медицинска хемија скоро се требаше да се знае да се напише?
Дали отприлика 10 дена се доволни за спремање генетика 2 колоквиум (клиничкиот дел)? Или попаметно е да се остави за во сесиите?
На колоквиумот имаше по некое прашање дадена реакција и да се препознае што е. Но на испит не ги бараа соединенијата да знаеш да ги напишеш, ензимите некои прашуваа некои не, а секако треба да се знаат соединенијата - почетни и крајни мора, интермедиерите може да прашуваат, зависи кај кого ќе се паднеш. Има побитни работи што мора да се знаат, ќе ви ги посочат на предавања. Доволно е, јас за толку го спремив целиот испит.
Здраво. Дали некој од вас продава или знае некој што продава коски? Ако можете, ве молам помогнете ми, бидејќи многу ми требат сега.
Вака,немаш потреба да учиш реакции,имаш мал милиот,но доколку сакаш секако не е на одмет.Јас го спремав летото некаде околу 20 дена ми беа потребни.