Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. ataneR

    ataneR Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Женски
    Дали може некој подетално да објасни околу полагањето генетика и хемија? Како се колоквиумите, што има на практичен дел што теоретски дел од испит.. Од координаторите не добиваме баш некои информации :?:
     
    На Bananki023 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.920
    Допаѓања:
    6.742
    Пол:
    Женски
    Генетика имаш два колоквиуми, првиот се презентациите од проф. Петличковски, вториот е книгата од проф. Кочова, колоквиумите се со прашања на заокружување, потоа во сесија се полага завршен усно, кој се состои од практично (двата практикуми) и теорија (цела книга), на усното практичното одговарш кај асистент, а теорија кај професор, во еден ден е иако е кај различни личности.
    Хемија исто се два колоквиуми, првиот мислам е заклучно со пуфери, а вториот заклучно со прво поглавје од органска хемија, во сесија после се полага практично писмено практикумот, а потоа ќе ве распределат за усно кај професор за цела органска хемија и уште три поглавја за аминокиселини, јаглехидрати и липиди од биохемија.
    Ако нешто друго те интересира слободно пиши
     
    На ataneR, Bananki023, Lea_theRose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. ataneR

    ataneR Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Женски
    Се поништува ли положеното практично генетика ако пример паднеш пред просор? И во врска со хемија они задачи од практикум и органска ако има други на испит ли се паѓаат само?
     
  4. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.920
    Допаѓања:
    6.742
    Пол:
    Женски
    Да се поништува за да положиш на усно треба да положиш и практично и теорија.
    Задачи само на практичното, а на усното ќе ви бараат формули на соединенија, реакции
     
    На ataneR му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sn0wflake

    sn0wflake Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Дали некој ги чува презентациите по хигиена за прв колоквиум да ми ги прати?
    Ви благодарам. :l:
     
  6. moonlightflower

    moonlightflower Нов член

    Се зачлени на:
    28 март 2022
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    Ве пишам бидејќи имам еден голем проблем и ми треба некои совети како да уништам мојата желба за procrastination. Јас сакам, ама не можам да учам. Секогаш планимрам да учам, ама немам успех. Ако учам, повеќе од еден саат не можам. Ништо не положив, и депресирана сум. Изгубена.

    Ве молам помогнете ми!
     
    На Bananki023 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Book Lover 19

    Book Lover 19 Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2022
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам дека си прва година,не си ни прв ни последен студент да има ваков проблем,само да знаеш дека не си сама,прво да почнам со планирање,како планираш,мој совет е да земеш едно ливче или тетратка и да направиш план пример утре од 8 до 11 ке учам ова потоа 1 или 2 часа пауза правиш потоа почнуваш пак,ти треба пауза ама не во пауза да седиш на телефон,една мала прошетка,вежбање во теретана или дома најдобро.
    2.Како учиш,методата,сама или со некој друг,како што ја гледам ситуацијата можеби кога почнуваш да учиш мислиш дека има многуу страни,материјал и како trigger point ти станало,јас самата го имав овој проблем гледав дека имам многу за учење и паѓав во депресија(плачење),релаксирај се кога учиш,гледај видеа на интернет,читај ,ако можеш купи некој whiteboard за пишување,мислам за да ти биде поинтересно учењето
    3.Избриши инстаграм,snapchat,tiktok од телефонот ,кога учиш телефонот стави го во друга соба,деактивирај ги профилите ако треба,во моментот не ти требаат,кога учиш немој да станеш од столче без да поминат минимум 45 мин учење, мојата метода во прва година беше 45 мин учење /15 мин пауза (гледај pomodoro timer во youtube) сега не ми треба тајмерот
    Moже да употребуваш и reward method,пример ако денес учиш 20 страни и даваш reward себеси да можеш навечер да гледаш една епизода од твојата омилена серија
    4.Најди го решението сама,но за да го најдеш решението треба да знаеш од кај дошло овој проблем,дали и во средно си го имала овој проблем,можеби имаш дистракции дома (во овој случај може да пробаш да овиш во читална),дали навистина ја сакаш струката која си ја имаш одбрано,(има едно quote - Postponing is a sign of not being interested)
    Навистина те разбирам ,знам дека ти изгледа тешко и е тешко да се смени нешто но ако сакаш може да направиш све,мој совет,ако навистина до сега не си положила ништо почни од 0,имаш време до јуни,верувај во себе си,знај дека сите прокрастинираме,не си сама,и ако учиш 3 часа на ден првата недела тоа е успех,немој да се споредиш со други колеги кои учат "12" часа на ден и почожуваат све,your only competition is yourself,ништо не се достигнува со еден ден,ти посакувам успех , ако имаш напишано во овој форум за помош тоа значи дека навистина сакаш да учиш :)
     
    На Bananki023, moonlightflower, Lavender4 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Feminka1801

    Feminka1801 Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2022
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Здраво, ми треба помош и совети од вас. ❤
    Летово треба да полагам имунологија, физиологија 1 и анатомија 3.
    Ми останаа од минатиот семестар и се плашам дека ќе ме заглават овие предмети. Како да ги научам најдобро? Дали е најпаметно оваа сесија да не пријавувам ниеден испит од 4 семестар, само овие три предмети да ги полагам?
    Имунологија и анатомија 3 немам ништо положено, а физиологија 1 имам некој колоквиум положен. Било какви совети се добредојдени.
     
  9. АничеБананиче

    АничеБананиче Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    3.795
    Пол:
    Женски
    Добро зошто никој ја нема двојката биохемија од Ленинџер во пдф формат, зарем е можно авторските права да ги завладеале и заплашиле сите копирници па не ја даваат :(
     
  10. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.438
    Допаѓања:
    12.216
    Пол:
    Женски
    Јас да сум на твое место ќе учам физиологија 1 и анатомија 3ка за јуни, имунологија не е условен можиш во август да го полагаш, мислам дека поважни ти се условните предмети сепак влечат година, ако ги средиш во јуни после ќе си видиш за август што можиш да исчистиш
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Feminka1801

    Feminka1801 Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2022
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Но, ако го оставам така имунологија после нема да го положам воопшто. Се потешки предмети доаѓаат, а ако имам и од 4ти семестар во август, како ќе постигнам после со се тоа.
    Малку да не е само 2 испити да полагам во една сесија? Сепак во година имаме 10+ предмети, нема луксуз да полагаме толку малку испити. Се плашам ако оставам така предмети дека ќе се натрупаат за понатака и нема да можам да полагам ништо на крај, се ќе се поклопува. :(
     
  12. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.438
    Допаѓања:
    12.216
    Пол:
    Женски
    Да те разбирам али мора да видиш и распоредот како ќе биди ако мислиш дека имаш време имунологија да го спремиш со анатомија 3ка и физио 1 пробај, сепак е обемен материјалот на 3те предмети, анатомија 3ка ти е останат цел, можиш да полагаш нешто друго наместо имуно, пр. Биохемија 2ка
     
  13. Feminka1801

    Feminka1801 Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2022
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Фала тии, се осеќам очајно ;(;(;(
     
  14. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.920
    Допаѓања:
    6.742
    Пол:
    Женски
    Сконцентрирај се јуни на анатомија 3 и физиологија 1, ништо не е поважно од тие два предемети.
    Преголем залак се анатомија 3, физио 1 и имуно во иста сесија, ризик е да останеш потоа без ништо, дека сите се обемни, особено анатомија 3 каде што буквално се бараат, плус имаш и колоквиум и имај го и тој убаво научено, зашто џабе испит спремен, ако колоквиум не положиш. Види кои колоквиуми од физио 1 ти се останати, размени искуство со колеги што повеќе беше опфатено со есејските на тој колоквиум, за да знаеш на што да обрнеш повеќе внимание. Усното потоа не е страшно, брзо и лесно се спрема.

    Мој совет е да не ги гледаш предметите од кој семестр се, не е битно дали се од 3ти, 4ти, 2ри семестар, битно е колку сесии важи и за кога е условен. Пример имуно важи 6 сесии и услов е тек за 7ми семестар, а анатомија 3 и физио 1 се за 5ти семстар, а физио 2 за 6ти. Не троши време на предмети што има време да се положат. за разлика од предмети што мора да ги положиш за да фатиш навремено услов.

    Покрај се не запоставувај предмети од 4ти семестар, потруди се што можеш повеќе колоквиуми да положиш: Физио 2 како што пишав услов е за 6ти семестар, не го запоставувај дека има 3 колоквиуми и усно,
    патофиза 1 колоквиумите се обемен материјал, а завршното е многу полесно, предност кај нив е што даваат предсесии
    микро 1 не е исто за потценување колоквиумите се пообемни, а завршното е многу лесен материјал што брзо се учи
    биохемија 2 е доста обемен, особено усното цел метаболизам бара спремање, така што јас би ти препорачала за август
    хигиена што побрзо го завршиш помирно ќе ти е, дека и тука се два колоквиума со усно
    оснир е најлесниот предмет во втора и за него нема потреба да се замраш лесно се положува
     
    На Feminka1801, Dream-Girl и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  15. Feminka1801

    Feminka1801 Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2022
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Благодарам многу :hug:
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    5.379
    Пол:
    Женски
    Јас во втора година, бев нешто слично со тебе, со тоа што за јуни ми беа останати завршниот физио1 (4ти колоквиум + усно), и усното анатомија 3, исто и биохемија 1 завршниот. Во јуни ги положив сите три, плус и уште неколку што можев, со тоа што за август ми останаа имуно, хигиена (усното), физио2 (завршниот), и биохемија 2 (усното). Положив се, освен што физио ме падна на усно, и го положив сега зимава.

    Сакам да ти укажам дека е возможно да се положи, ама гледај приоритет да ти се анатомија и физио1, одлично би било да завршиш со нив во јуни, па потоа и неусловните, колку што можеш повеќе, да ги положиш. :)
     
    На Lollipop_123, Glowy и Feminka1801 им се допаѓа ова.
  17. Feminka1801

    Feminka1801 Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2022
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Слична ситуација е и со мене, еден колоквиум имам само физиологија 1 останато.

    Најголем проблем ми е анатомија 3 мислам дека тоа се ми остана. За писмениот дел што треба да се учи, даваат ли тешки прашања многу на анатомија 3?
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    5.379
    Пол:
    Женски

    Зависи, јас полагав во претсесија во јуни, и океј беа прашањата, ама според што ми кажуваа колеги кои полагаа во сесија, потешки биле тогаш. Најди во групата од трета година, баш беа пишани кои прашања се паѓаа лани. Имаше прашања од органи, сетила и цнс.

    Се положува и тоа, ама навистина треба многу добро да бидеш спремна, цнс е полн со ситници кои треба да се знаат, затоа учи го со време, иако се само 150тина страни, бараат многу спремање.
     
    На Feminka1801 и Glowy им се допаѓа ова.
  19. sn0wflake

    sn0wflake Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Јас полагав во јануари Анатомија 3. Прашањата не беа многу тешки. Тестот беше обемен да, но се стасуваше да се напиши. Јас немав време се да повторам по Анатомија 3, но сепак положив со помалку поени.
    Не беше толку страшно.
     
    На Feminka1801 и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  20. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.920
    Допаѓања:
    6.742
    Пол:
    Женски
    Ако ти е само еден колоквиум не е страшно, само еден колоквиум не е тежок за спремање.

    А анатомија како што ти кажа Елена погоре во трета година групата влези беа пишани прашања.
    Се положува ама треба да имаш убаво научено, на тестот се може да ти се падне, од колеги што кажуваа и овде мислам се пишуваше дека особено во август премногу ситници имало. Впечатокот беше дека како што поминуваат сесиите потежок и потежок е тестот. Не гледај многу во јануари како било, дека од колеги што презапишаа слушнав дека многу бил полесен за разлика од тестовите во јуни и август.
     
    На Feminka1801 му/ѝ се допаѓа ова.