Двајца беа во комисија ние коа полагавме 1 проф. од интерна 1 проф. од хирургија заедно испрашуваа, а некои колеги знам прво одговарале кај едниот, па кај другиот изглеа некои таков принцип имаат или не биле слободни во исто време, исто некои и писмено полагаа како есејски. Ние не полагавме на пациент, сеа ваљда и на пациенти ќе ве носат
Да да тоа знам дека се двајца, мислев секој зема посебно анамнеза и статус и после се презентира и плус допрашуваат нешто? Иако вие ако не сте биле кај пациенти не би можела да ми кажеш.
Па би требало посебно секој студент да зема анамнеза и статус и сигурно нешто допрашуваат најчесто прашуваа за термини што значат пр мелена хематемеза хематохезија или што е гастроскопија што може да се види и сл., ти кажувам шо иам слушано иако не знам со сигурност секој проф. е различен..
Да прашам дали некој одвас има искуство со факултет за физиотерапевт во Битола или Штип, какви се професорите; матетиалот за учење или било што?
Здраво. Во врска со вториот колоквиум по Физиологија 2, дали е доволно да се учи од книгата Одбрани поглавја? Професорката Малевска го предава поголемиот дел и нема посочено до сега на што најмногу да се посветиме и од каде да учиме. Ако може малку помош.
И исто така дали Патофизиологија 1 прават проблем со потпис ако се немам уклучено на некои вежби (онлајн) ?
На колку вежби? Мислам дека 2 вежби имаш право на отсуство барем така беше пред короната, ако имаш повеќе отсуства се колоквираат
Што подразбираш под анатомија 2? Еден колоквиум? Два, три? Завршен испит? И колоквиуми и завршен испит? Цела книга не можеш за еден месец, многу е. Колоквиум, или завршен - можеш.
Совет од вас, дали е попаметно анатомија 2 завршен да се полага во председија со околу 10 дена време да се повтори се, или во сесија мислам беше на 29.06 и на 01.07?
Ако имаш убаво научено и треба само само да повтараш 10 дена се сосем доволно. И пак ќе ти се олесни за во сесија за другите предмети.
Доколку повторуваш само по Анатомија би требало да е доволно, и ние лани што полагавме во претсесија толку од прилика имавме време. Повеќе посвети внимание на испитните прашања но ако имаш време и некои побитни работи од органите и слично.
@sn0wflake @Geek^^ фала ви. А што најчесто прашуваат на завршен за анат 2, се држат до испитните прашања или потпрашуваат за органи и дали детално прашуваат за соодноси? Некако е чудно за двојката оти сè е наеднаш во книгата, не се поделени како анат 1, а и полагањето за анат 1 беше многу кратко по 5 минути секој и не беше детално испрашување.
Јас кога полагав цела книга наеднаш се полагаше, ама за завршниот само по 1-2 прашања поставуваа и да покажеш некој орган каде е.