Koлешка Слушнала од некои други колеги дека анатомија 2 важела до јануари, односно за да се полага анатомија 3 може и во јануари да се положи анатомија 2, па потоа да се полага 3ката, без да се изгуби всушност година во презапишување. Дали некој може да ми каже дали навистина е вака, или доколку во август не се положи 2ката не може да се полага 3 до јунската сесија наредната година (доколку тогаш во јуни се положи анатомија 2)? Ви благодарам однапред
Така е само ако имаш врски...иначе за нас обичните смртници си важи курикулумот ако не положиш 2ка нема да можиш од октомври да слушаш 3ка и физио 1.
Си има утврдена програма, од каде вакви глупости ви текнуваат. Да беше така услови ќе немаше и никој година немаше да губи. Како ќе полагате ако не го слушате воопшто предметот? А, не може да се слуша анатомија 3 без да се положи анатомија 2 до септември. Анатомија 2 без да се презапише може да се полага до февруари и тоа ви е олеснително за да си заштедите пари само за презапишување ако си го положите во февруари ама годината секако е изгубена. Во Штип е вака, да не сте слушнале за таму, па нешто сте измешале, кај нас на УКИМ вакво нешто нема. Радиологија од каде спремате колеги? На 26 мај сигурно ќе е полагањето колоквиуми сега нели?
Ви благодарам многу за одговорите. Токму затоа и мене ми беше чудно од каде е тоа произлезено бидејќи пишува предуслов е положен Анатомија 2 за да се запише 3, па затоа и се обратив тука, малку не веројатно ми звучеше чим ми го кажаа.
Само гледај ја програмата, тоа е најточно. Иако секоја година има промени по предметите, мислам вакво нешто сигурно не би било можно едноставно. Може да има промена за начин на испитите пример ама за услови да не важат нема шанси, со години си е така.
Дали во iknow бирате декади по некој предмет? Се ставив во прва декада, се мислам да не згрешив. Претсесии како се водат?
За скелет и уште некои теми не се сеќавам точно кои, од кои презентации учите? Имав многу такви прашања ама ништо не знаев зошто мислам ни предавања не ни држеа за тие теми? Не знам од каде да читам тоа.
Па мислам дека се бираат декади по предмети шо во распоредот има можност за избор, претсесиско полагање можиш во прва декада да избереш. Инаку можиш да корегираш колку сакаш дури не се затвори пријавувањето.
И нема многу предмети со избор за 2 декади ама ќе проверам сега детално, ќе изменам ако нешто има. Благодарам сепак.
Знам за кои збориш ама многу се празни тие некако. Мислев други да не има некои. Ми се падна во сесија група на тест што имаше многу прашања од баш тие делови што не беа предавани, а тие презентации не ми беа баш од помош, сосем други прашања некои сложени се паднаа. Излегува на среќа е да се положи тестов зошто материјал и нема баш.
Здраво колеги, некој од постарите колеги што полагал микро2 со физичко присуство ако може да ми сподели искуство, дали на усното,односно практичното прашуваат на микроскоп? Или на ист принцип е како онлајн усното полагање само си раскажуваш? И уште едно прашање, приемно одделение на имунологија е ова институтов во зградава на институтиве или во таа бараката кај инфективно, кај фармација?
Здраво , доколку на некој му е потребен череп при спремањето на колоквиуми и испити по Анатомија или семинарски трудови на било која тема , пишете ми. Поззз
Јас полагав онлајн микро 2, ама колеги што полагаа со физичко не ги испрашуваа на микроскоп, освен сеа ако имаат нешо сменето