Здраво колеги. Дали некој го има линкот од втора година од drive каде беа сместени презентациите и снимени предавања скоро по секој предемет и некои други документи? Ако го има би ми значело ако ми го пратите. Ви благодарам.
Не беше тоа пред месец дена? Нешто за книга некоја мислам, збрка испаднала, по различна цена ја продале еден ден, па другиот по друга ама одамна средија тоа како што знам. Не беше нешто посебно.
Да било, ама јас доцна разбрав, а не кажаа точно шо беше. Таа од книжарата, баш изгледа на личност шо би направила нешто такво.
Не само една книга. Скоро повеќе пати ни се случуваше да плаќаме различна цена секој ден, а и не даваше фискална сметка никогаш дури и ако побаравме. И секако ако не носиш точно пари колку што треба, те враќа пошто никогаш нема ситно за да ти врати... Но се надеваме дека сега е во ред.
Фармакологија колку се колоквиуми? После овој практичното ќе има ли уште еден во испитна или материјалот директно на испит ќе се полага?
Здраво колеги. На страната од факултетот на iknow не можам да ја ресетирам лозинката бидејќи линкот за ресетирање не ми стигнува на меил иако пробував неколку пати. Дали некој досега имал ваков проблем?
Дали хигиена за колоквиум со физичко присуство се паѓале прашања? Првиот го полагавме on line, сега вториот со присуство и не знам како да го спремам имам само до вторник време а и многу други предмети плус? Секој совет би ми значел, дали имам шанси да го спремам или да не го трошам времето? Фала ви за сите до сега совети, не знам што би без нив
И јас сакав ова да прашам. Дали е доволно да се учи од презентации, и колку се вкупно? На Teams во каналот е многу измешано. Некои се од предавања, а некои од вежби. Дали треба и тие од вежби? Ви благодарам
Кога е подобро да се полага прва помош, прв или втор рок? И каков е материјалот, лесно ли се спрема, отприлика за колку дена и од што се спрема?