Зависи од професорот, сите различно бараат. Мене лично не ме праша ниту еден кранијален, со тоа што ме праша за спиналните нерви, но знам дека другите професори, сите прашувале. Артериите со гранки исто така обавезно, мускули…
До постарите колеги, ако се уште ги има хаха, дали и каде има можност за вработување со уверението шо ти го даваат од факс на крај, пред да се полага и земи лиценцата?
Тие што сакате да се запишувате следна година на медицински,мој совет не се надевајте многу на тоа.После ланската дешавка сите дознаа за тоа и конкуренцијата и таму ќе биди голема,плус не е така лесно треба да се погоди и која националност
Многу деца без националности со високи поени не беа примени,а со националности премногу примија.Затоа викам конкуренцијата ќе биде и таму голема,некој од нив можеби оваа година ќе пробаат пак а и замислете на колку други пренеле тие за тоа?Мој совет учете за матурата и снаоѓајте се,поените од тоа се најважни
Секој со своја судбина,немој да демотивираш луѓе тука, мој совет следете го вашето срце и запишете се тој што ја сака медицината,лани со 97 поени последниот примен беше мислам
Не демотивирам таа е вистината,јас баш напротив ги мотивирав и му кажав за матурата да си учат.За да си избегнат нервози и стресови пред уписот,Не е исто да имаш 98 поени или да се тресиш дали ќе влезиш во национална.Сите тука знајме колку поени носи матурата.И не е само медицински скопје факултет во светот има еден куп други медицински факултети.Медицината како наука е убава и никаде не реков дека не треба некој да стани доктор.
Можеш во ПЗУ само што ќе бидеш со договор/обука (ако те прифатат) а можеш и како медицински претставник да работиш. Има неколку Месенџер групи што се за државниот испит и може да се најде некој да бара нелиценцирани доктори за работа.
Модератор: Ве замолувам да дискутирате без навреди кон други националности. Сè може да се каже и објасни на културен, цивилизиран начин.
Можеш и во средно училиште да предаваш, како доктор на некој од спортски тимови да работиш, претставник на лекови....ова знам вака од мое и од искуство на блиски
Со Рамковниот договор од 2001 воведени се квоти за сите националности минус македонската за упис во образовни институции и вработување во јавна администрација (народски кажано - државно). Едит: Да, дискриминирачки е; се упишуваат и вработуваат луѓе чии квалификации се нивната национална припадност и процент од попис а не се упишуваат и вработуваат луѓе чии квалификации се нивните знаења, вештини, постигнат успех итн.
Дали може некој од постарите генерации што има полагано клиничко да даде совет за спремање на испит? каков беше тестот од каде учевте прашања? како се одвиваше усното?на пациент или само усно пред професор?
Пред некое време се донираа книги за сите што сакаат да си земат, прашај може има останато во библиотеката.