Моментално учам патофиза па се збунив малку. Тахипнеја и хипервентилација е уствари едно исто или има некаква разлика бидејќи се дистанцирани но мене ме асоцираат на едно?
На тахипнеа обично се мисли при забрзано ама плитко дишење, а на хипервентилација забрзано но, со изразен(длабок) инспириум/експириум. Спојлер Се сеќавам имаше еден опит на патофиза за испитување на “латентна” хипокалцемија па се тераше испитаникот да дише длабоко и забрзано. Во случај на хипокалцемија заради респираторната алкалоза од хипервентилацијата се продлабочува хипокалцемијата и таа станува симптоматска се јавуваат парестезии, карпо-педален спазам и сл. Ова онака чисто практично ако можеш да замислиш.
Дечки дали може некој да ми каже каде се наоѓа Амфитеатар 2, бидејќи досега сум била на полагања само во Амфи1 и еднаш во тој на деканат? Ви благодарам многу однапред
Дали патофиза 1 тестот за завршен и усното се во ист ден или како функционира? Бидејќи нели треба да ни е прегледан тестот?
За патофиза 1 лани јуни само студентите од првите термини беа во исти ден, од август натака усните се најрано денот по тестот.
Обично не се во ист ден, ама мислам дека ако се малку студенти, се чекало резултати истиот ден, па се одело на усно.
Случаи мислам дека никој не бара, јас не ги учев, ама ги читав, бидејќи така ми стануваше појасна вежбата.
здравоо, матурантка сум и сакам да се запишам на медицина во Ск... малку ме фаќа еуфорија во врска со тоа, па имам некои прашања што сакам да ве прашам... 1. Како што знам пријавувањето оди електронски преку iknow платформата... меѓутоа, дали треба нешто лично да се доставува или тоа оди отом потом откако ќе се објави кој е примен? 2. Имам слушнато дека првите 10 примени се ослободени од плакање квота, дали е тоа вистина? 3. Дали при рачунањето на поени, важно е и колку бодови имаш на матурата, или се гледа само оценката, пример по македонски, битно ми е да имам само 5ка, или и со колку бодови е таа 5ка?
1. Да , се пријавуваш преку ајноу , прикачуваш документи и откако ќе излезе листата на примени ги носиш документите заедно со уплатница (за школарина) , индексот (што ќе го купиш) итн... 2. Да 3. Важно е и каква е таа 5ка , (перцентилен ранг) односно колку таа 5ка е подобра од другите 5ки во цела држава и според тоа се добиваат и бодовите. Може тебе сите да ти се 5ки но со помал перцентилен ранг што значи помалку бодови или 5ка со висок перцентилен ранг што значи повеќе бодови.
Здраво! Јас сум 4та година средно (медицинска сестра), а не знам што да продолжам. Идни доктори, доколку би имале можност, дали повторно би избрале да студирате медицина или ќе одберевте нешто друго? Ако одберевте медицина, дали на УКИМ или некаде друго? Ве молам споделете го вашетомислење❤ Ви благодарам многу! ❤❤❤
Тоа е индивидуално, јас лично уште 10 пати да треба да се запишувам, пак ќе се запишам тука, и ич не ми е криво, и покрај тоа што е напорен, многу си го сакам факултетот.
Има прашања, води се според нив. Вежбите само тие што се наведени, се разбира и теоријата. Другите не ти треба. Прикази на случаи прочитај ги за да ти стане јасно, инаку никој не прашува.
Здраво колеги. Си правам план за учење на предметите за во испитнава, па ме интересираше: - дали по ОСНИР доволно е да се учи само од презентациите и дали треба и тие од предавањето и тие од вежби? - Дали за трет колоквиум Физиологија 2 се учи само материјалот од книгата одбрани поглавја или има и нешто плус? Ви благодарам.