Здраво , дали може некој од постарите колеги да сподели искуство во врска со полагањето микробиологија2 завшен испит со физичко присуство..
Некој да знае, зашто јас не се сеќавам, до кога важи стипендијата од Алкалоид? До јуни заклучно со дипломирање или ќе тераат до ноември(почентиот месец) дека 12 месеци се зема?
Некој од колегите од тсс/сестри да сподели искуство за испитот педијатрија, дали професорите прашуваат само од својот дел што го предавале или може да прашуваат и од другите теми? Колку прашања отприлика поставуваат?
Не сум од сестри , од ТСС-лаборанти сум но имав предмет педијатрија и се паднав кај професорка што е од делот метаболизам ама воопшто не ме праша од нејзиниот дел туку од други делови така да не прашуваат само од нивниот дел туку од целокупниот материјал што е предаден. Иако може да те праша од нејзиниот дел што повеќе го практицираат , не секогаш е така. Затоа немој да учиш само нивни делови.
Дали има некој да сподели искуство или пак знае од некој близок свој за смерот Радиолошки Технолог на Медицински факултет- Скопје? Конкретно што да се очекува,дали е напорно колку и општа медицина (знам по сестра ми) или е малку полајт варијанта? Било каков совет е добредојден.
Здраво дечки Јас и другарка ми планираме да се запишуваме на медицина оваа година, но се уште не сме сигурни каде . Сакаме да знаеме дали на факултетот во Скопје може да се влезе со 1-2 четворки максимум ?( зборувам за четворки добиени на матура, а 5.00 просек од сите 4 години ). За да знаеме од прилика како одат работите
Зависи по кои предмети би ви биле 4ките, пример англиски, а и македонски знаат 4ките да се со појак перцентилен ранг, бидејќи ако се со висок перцентилен ранг 4ките и едната 5ка е исто висока, може да фатите поени, ама пак ризично е, дека минатата година последниот со 97,нешто беше последен во приватна квота
@MariijaB Зависи од конкуренција, не се знае никогаш со какви поени ќе бидат запишани. Јас кога се запишував, другарка знам имаше 5.00 од успех, и на матура 5ки, освен по македонски, по којшто имаше 4ка, ама со високи перцентили, и имаше 98 и нешто поени, си влезе во државна квота. Сепак, имај во предвид дека тогаш се примаа 300 студенти, а лани 200.
Кога ќе ги имате резултатите од матура тогаш би знаеле повеќе, ма да никогаш не се знае зашто во последно страшна конкуренција има на медицински. Не сакам да ве разочарам ама некогаш на матура од ракав ги пишат оцените.
Dali anatomija 2 za ispit treba da se vodime po ispitni prasanja od stranata anatomija.mk ili prasuvaat plus nes od materijalot, i dali se tolerantni prof na ispit?
Па зависи кај кој професор ќе полагаш, ама посвети се на испитните прашања убаво да ги научиш а ако имаш време прочитај за основни работи од торакс, абдомен и карлица колку да се потсетиш на некои работи. Полагав кај Матвеева и кај неа беше само по испитни прашања, истото беше и кај Наќева.