Дечки, дали за испит патофиза треба да се раководам според испитните прашања (документ има од минатата година каде пишува кои вежби треба да се учат, има нешто скратено од практикум а и материјал што го немаме во практикум има).
Да од тие испитните води се, е малку скратен материјалот, а една-две вежби мислам ги немаше во практикумот, во стариот ги имаше.
Дали некој случајно има запишано прашања Анатомија 3 од завршен испит од минатите години? Ако некој има, please нека ми испрати❤
Јас имав за gl. Lingualis, nucleus ruber, tractus rubrospinalis, nasopharynx, сензорните полиња.. (есејски)
Мислам дека бевме во два дена поделени ако не се лажам, првиот ден беа Матвеева, Наќева и уште некој.
Дали некој знае кога почнуваат уписите за Скопје и Штип за медицина и дали може некој да ми пуште линк за информации затоа пто барав ама неможев да најдам
Уписи се во август, а еве што најдов http://medf.ukim.edu.mk/wp-content/...СКИОТ-ФАКУЛТЕТ-ВО-СКОПЈЕ-ВО-УЧЕБНАТА-2020.pdf Инаку, мислам дека конкурсот за УКИМ излегува некаде во јуни.
Здраво. Дали за завршен Патофиза 1 потребно е да се знаат случаевите (нивни резултати, причини, тестови и прегледи кои треба да се изведати сл) ? И во врска со тестот, прашањата се од практичниот дел (вежбите, начин на изведување..) или теорија од учебник и теоријата од практикум? Ви благодарам
Случаевите никој не ги испрашува. Тие повеќе ќе ти помогнат за да видиш дали си ја разбрала вежбата. Прашањата на тестот се од вежбите и нешто од семинарите. Теорија од учебник на тестот не се сеќавам да имаше.
Дали некој има искуство со целосен испит Патофизиологија 1? Дали е полесно во споредба со полагање на двата колоквиуми посебно во различни сесии?
Дали постојат шанси прелиминарниот тест анатомија 3 да одам на увид и да ме пуштат на усен испит ако сум блиску до поминување?
Од мое искуство, ако си падната секогаш оди. Ми се има случено неколку пати да не ми е убаво прегледан тестот.
Зависи кај кој професор си. Кај некои прво во дисекциона, ти даваат регија или влечеш една, па тоа ако го поминеш одиш на усно. По некое прашање од органи, две три прашања од сетила и цнс. Се на се, тестот ако го поминеш, усното не е страшно