Супер е професорката , јас прво полагав теорија ( ти дава комбинации да извлечеш) , раскажуваш што знаеш и на крај може да ти постави некое прашање но сепак помага да дојдеш до одговор . а во сала - една регија, да покажеш мускули доколку има шанси да се видат , граници на регија и тоа е .. со среќа на испит <3 ,
Мислам дека мораше твоето име и презиме да стои како што ти е по документ како лична карта или што ти знам, се друго може но и не мора (татково име, моминско презиме итн). Сеа ако сакаш моминското наместо актуелното презиме да ти стои, мислам дека може али врска немам колку е всушност дозволено.
Дечки дали може да ми кажете од каде спремавте завршен Радиологија? Дали има конкретно некоја скрипта или презентации? И ако има конкретно што / како. Хелпппп
Фала ти многуу. Презентациите каде би се нашле,на Теамс можеби? И скриптата дали би ја нашле во копирницата доле кај Хипократ?
Ти пратив през и да ја има скриптата во таа копирница, убаво јасно е напишана мене ми помогна да го сумирам убаво материјалот.
Колеги, кои методи за учење се најдобри според вас? Колку време поминувате дневно учејќи за време на испитна?