Кога дознаваме кога ќе се полага усно испит патофиза1? Бидејќи утре полагаме тест а инфо за усно катедрата сеуште нема кажано.. И ако е ист ден за оние само со завршен, од прилика кога се објавуваат резултати и кога се полага? Благодарам.
Веќе неколку сесии не е во ист ден завршен и усен, кога е во ист ден кажуваат однапред. Резултати од завршен има најчесто вечерта. Се полага ден или неколку дена по завршниот писмен.
Сите ми беа 5ки на матура, со висок перцентилен ранг. Англиски ми беше 99.6 мислам, биологија 97, и македонски 96 и нешто. Од успех сите ми беа 5, само една 4ка во прва година, и една 4ка од екстерно. Сѐ на сѐ, имав 99.230 и нешто поени при упис, и бев примена во државна квота.
Просек 5,00 цело средно, матура: македонски 5 со 88,37%, англиски 5 со 98,98%, интерните 5ки и проектната 5ка. Suma sumarum имав 99,241 поен и успеав за во државна квота. Фокус највеќе на матурскиот испит и на перцентилите исто така.
Ние полагавме онлајн, имаше дефиниции, референтни вредности, принципи на изведување вежби и по некое прашање за пресметка.
Да, зависи кај кој полагаш Мислам дека кога ќе влезиш од десна страна по скалите нагоре таму им се канцелариите
Даа, библиотеката е горе по скалите и лево на крајот, има врата со заматено стакло ако памтам добро, ама и пишува на нив која врата што е
Дали за усен испит по микро 1 е доволно да се учи материјалот од книга кој што преостанува и тие 5 вежби, или треба да се повтори се претходно што имаме полагано?
Мене лично професорката ништо не ме праша од колоквиумите, ни за микро1 ни за 2 (истата проф.) ама другите проф. можеби прашуваат.
Може ли некој да ми пише од постарите колеги да го распрашам во врска со усниот завршен испит медицинска хемија?