Сакам да прашам дали има некој што се префрлил од Штип и како оди таа постапка,дали ги признаваат испитите или треба некој да се преполага и дали ги имаме истите предмети во прв семестар?
Тешко е медицински факултет, јас имам тетка сега уште 1 испит и ке специјализире, ја стопира специјализацијата, т.е неможеше да дава испити оти се породи, имам и братучед во јули здравје и живот ке специјализире нешто како дали генетиката е поврзена со ракот, ептен значи учи, истовремено дава испити и работи на одделот за рак што е, машинка.
Една пријателка се префрли од тетовски во Скопје, и што се однесува за албански јазик не сум запознаена дали се учи или не, ама што се однесува пак за другите испити скоро ништо не и беше признаено, се си полагаше од почеток.
За медицинскиот факултет конкретно не можам да ти одговорам, ама од многу луѓе имам слушнато дека тешко ќе ти биде да студираш на албански јазик, освен ако не си запишан на англиски или македонски. Имам другарка која мака мачи, буквално вршат терор, прават што сакаат, трча по 5 пати на ден и ги моли за потпис, испитот ти го закажуваат од денеска за утре, материјали сама си наоѓаш, затоа што, нормално, они си учат на албански.. и на крајот ти вели: нема да поминеш затоа што си единствена македонка. За полагањето испити.. по правило треба да си добиеш тест на македонски јазик, ама има такви професори кои едноставно не сакаат и нема да ти дадат таков тест или пак, на крајот, 5 мин. пред завршувањето ќе ти го дадат. Па ти ако си Супермен ќе го решиш. За предавање да не зборувам, ко теле ќе си гледаш во професорот, а мораш да одиш, не смееш да прескокнеш предавање, зашто тоа нив им е плус причина да можат да прават со тебе што сакаат. Во твојов случај, патувањето ќе ти биде е најмал проблем.
Луѓе ве молам некој од постарите медицинари да ми кажете дали доколку не положеш хемија можеш да слушаш биохемија или треба да го положеш па потоа?
Планирам да се запишам на факс.медицина општа во штип.На две од феминките им пишав лп а овде ке побарам совет и од др.феминки.Кажете како е?што е? знам дека е тешко но дадете некоја утеха
Мораш да го положиш, ама не паѓаш година ако не го положиш. Туку едноставно втора година кога ќе бидеш ( 4тиот семестар, колоквиум по колоквиум ќе го полагаш целиот испит- по хемија ) не тераат да присуствуваш на предавања и вежби доколку во прва си присуствувал. Значи биохемија само ќе ти се одложи. Во трета ќе го слушаш и полагаш..
Девојки ај ве молам кажете ми има ли на медицинскиот факултет смер за медицинска сестра и ако има дали тие студии траат 3 години ?
во битола знам дека има вишашкола за медицинска сестра со 3 години односно за главна сестра Знам за тоа, но ме интересираше конкретно за на медицинскиот факултет во Скопје, вчера ја гледав страната на медицинскиот факултет и пишуваше но некако чудно ми падна бидејќи немав слушнато до сега и затоа прашувам некоја од девојкиве што е на медицинки ако сака да ми каже нешто околу тоа..
Под медицински факултет се водат два вида на студии: тригодишни(за мед.сестра,рендген,физиотерапевт и логопед)и шестгодишни(оние со кои после дипломирањето добиваш назив доктор-општа медицина).Значи постои и во Скопје смер мед.сестра.
^^ Фала ти многу.. А случајно да не знаеш и како оди со примањето ? Треба врски ? Затоа што јас учам во правно школо а сакам да продолжам на медицина.. :/ Знам дека малку тешко ама сепак желба ми е..
Здраво Годинава сум матурантка и планирам да се запишам на физиотерапија на медицински факултет .. некој од лично искуство да ме просветли малку од малку пред да појдам ?
се крстам во тебе да ти кажам.. и јас малку утнав со предметите али ке гледам ако може нешто да се измени во последен момент ..ако не на добра волја на господ оставам
Ако збориме за смерот медицинска сестра,може и со послаб успех колку што знам...Е сега за изборни,ти требаат два предмета поврзани со медицината.