Колеги, полагаше ли некој од вас на форумот клиничко предсесија? Како поминавте на усно и од каде се спремавте?
До 120та страна од Штипската книга за интерна пропедевтика, и таа хируршка пропедевтика исто од Штип мислам беше ( ставени се на линкот и двете ). Полабаво усно полагање во животов сум немала, буквално повеќе во основно ме испрашувале. Мене ни на интерна, ни на хирургија не ме однесоа на пациент, ама на колеги ги носеа, така да, зависи од професорот, ги има многу, и не може да се собере “заедничко искуство”, сите се различни.
Изгледа сите различно поминале, сите што ги прашав различно искуство имаат со испитот хаха. Ти благодарам многу
Јас кај што бев многу прашуваа, и усно и практично. Од таа скриптата од Штип спремај се(големата) ама зависи и кај кој професор ќе се паднеш, најдобро е кога ќе стават списоци да прашаш колеги зашто стварно е многу различно.
Една од најкоректните професорки е она. Бара да е убави разбран материјалот ама стварно е убаво полагањето кај нејзе.
Зависи колку време ќе имате од практичното до усното, колку веќе го познаваш материјалот од средно поради тоа е индивидуално многу за хемија
Дали некој го има делот од биохемија кој е за завршен медицинска хемија (материјалот од дескриптивна биохемија за структура и особини на јаглехидрати, амино киселини, пептиди, протеини и липиди) во pdf и дали би можел да ми го прати? Ви благодарам многу однапред